“Можеби тоа нема да функционира тука.” Ова беа зборовите кои Мартина Јачевска често ги слушаше кога сподели идеја како позитивно да влијае на нејзиниот роден град Пробиштип. Таа беше амбициозна и прогресивна и сакаше да понуди алтернативни начини да ги подобри работите за нејзината заедница.

„Луѓето би ми рекле дека тоа е работа и одговорност на општината“, рече Јачевска. “Дека можам да се обидам, но не треба да имам голема надеж.”

Но, кога Јачевска волонтирала во странство, луѓето ги охрабрувале нејзините идеи и активизмот што сакала да го продолжи дома. Таа се прашуваше дали на другите млади луѓе во нејзината заедница им е потребна истата таа поддршка за да се омоќнат да ја искажат својата загриженост.

„Враќањето во мојата татковина ме натера да сфатам дека јас не бев и сè уште не сум единствената која размислуваше на овој начин и бев подготвена да се вклучам во мојата заедница“, рече 26-годишната Јачевска. „Се сретнав и со други млади луѓе кои ја делат оваа реалност. На сите им требаше сигурно место, охрабрување и упатување.“

Младинските центри служеа како безбедни места за луѓето да споделуваат иницијативи и да соработуваат на проекти и иницијативи во земјите каде што Јачевска ги посети. Преку внимателно читање на постојните закони усвоени од Владата на Северна Македонија, таа сфати дека овие центри може да се создадат преку Законот за младинско учество и младински политики од 2020 година.

МојПростор! наскоро стана име на нејзината иницијатива за информирање на младите луѓе во нејзиниот град за потребата и можноста да се воспостави младински центар и методи во кои младите можат да бидат директно вклучени во процесите на усвојување одлуки поврзани со младите.

Нејзината иницијатива беше поддржана од Проектот за поддршка на изборните реформи во Северна Македонија, проект на Владата на Швајцарија имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).

„Најтешкиот дел беше – и сè уште е – да се натераат локалните и националните владини тела да го разберат размислувањето зад концептот на младинските центри и потребата и износот на финансиска поддршка потребна за да се обезбеди квалитетно функционирање на таков младински центар“, рече таа.

Таа на крајот ја убедила нејзината локална власт да го претвори просторот во младински центар. Поради претстојните локални избори и неможноста за прераспределба на средства за опремување на центарот, финализирањето на процесот беше оставено да се одвива по изборите.

Покрај закажаното отворање на младинскиот центар, кој ќе биде петти во целата држава, рече Јачевска, MојПростор ги мобилизираше младите да се вклучат во локалната политика и нивните избрани функционери.

„Ние самите мора да ја иницираме промената и како млади луѓе имаме обврска да бидеме активни и да се бориме за остварување на заедничките цели кои обезбедуваат подобар живот во нашите општини.“

Како дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“, десетици млади луѓе ширум Северна Македонија ги следат ветувањата дадени од владата во рамките на програмата 2021-2024 година и спроведуваат иницијативи за зголемување на граѓанскиот ангажман и јавната отчетност на локално ниво.

„Нашата цел е да ги поддржиме локалните иницијативи од различни групи во општеството за поттикнување реформи во изборниот процес и поголема инклузија на младите луѓе и населението во целина, во донесувањето одлуки, во јавниот и политичкиот живот на земјата“, рече Јоана Козма, директор на проектот.

Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија е проект на Швајцарската Влада. Проектот има за цел да ги поддржи демократските и кредибилни изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција, овозможувајќи им на гласачите да ги изберат своите претставници и да бараат отчетност. Проектот е фокусиран на зајакнување на институциите кои учествуваат во изборниот процес, внатрешна демократизација на политичките партии и едукација на граѓаните. Активностите главно се насочени кон три различни целни групи, и тоа: 1) изборната администрација, преку директна поддршка на Државната изборна комисија и органите за управување со избори на пониско ниво; 2) политичките партии, преку директна поддршка на иницијативи на млади членови и активисти кои работат на проекти наменети за граѓаните; и 3) граѓанскиот сектор, преку директна поддршка на младите мобилизатори во заедницата. Проектот, кој започна во 2019 година, го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Галерија