Освен редовното и активно учество на четирите модули на третата Академија за јавни политики (АПП), учесниците се ангажирани во поединечни дополнителни активности во насока на развивање на нивните капацитети во процесот на развој на политики базирани на докази, фокусирани на потребите на граѓаните. Овие активности ќе им дадат можност на учесниците да ги применат стекнатите знаења и вештини, во реални животни ситуации и преку ангажман со граѓаните.
Една од овие дополнителни активности на АЈП е развојот на кратки документи за политики од страна на секој учесник. Имено, младите лидери, учесници на Академијата, веднаш по завршувањето на првиот модул, идентификуваа предизвик на кој сакаат да се посветат предлагајќи решение(ја) преку политики.
Досега во нивните општини/населби се забележани следните области на загриженост: недостаток на паркинг простор, недостаток на младински ангажман (нефункционални младински совети, центри), недостаток на јавен рекреативен простор, нерегулиран јавен превоз, влошен канализационен систем, неасфалтирани локални патишта, лош квалитет на водата за пиење, кучиња скитници, нелегални депонии, недостапност на јавна инфраструктура за лица со попреченост, неефикасни општински услуги поради недостаток на дигитализација.
Секој од 29 учесници ќе преземе ангажман со заедницата и засегнатите чинители и заеднички со нив ќе разговараат за основната причина на проблемот, предложеното (ите) решение(ја) и итните активности што треба да се преземат. Резултатите од овие дискусии и ангажмани, како што споменавме погоре, ќе се одразуваат во кратки документи за политики.
Како што рече еден учесник: “Многу сум возбуден што сум дел од Академијата за јавни политики. Тоа е единствената Академија во земјава која оди подалеку од наставата во училница/работилница! Тоа ми помага да „учам преку работа“ и не води нас, членовите на партијата, да бидеме со нашата заедница, да разговараме со најпогодените и да предлагаме решенија врз основа на потребите на граѓаните
Ќе ве известуваме за напредокот на нашите млади лидери. Останете со нас!