Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со реконструкција на улицата долж брегот на Охридското Езеро, кое е едно од најфреквентните места за граѓаните и туристите. Мониторинг, исто така, ќе се спроведува и за степенот на транспарентност на локалната самоуправа, кој е составен дел од преземената одговорност за вршење на јавната функција. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: изработка на видео материјали; истражување на јавното мислење; дебати и јавен настан.
Темата на локалниот мониторинг е реконструкција на вториот дел од улицата „Туристичка„ во Струга.