Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на спроведувањето на постапките за легализација во општината, а истовремено ќе ги мобилизира граѓаните да дадат свој придонес во спречувањето на нелегалното градење. Конкретните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на нелегално изградените објекти во неколку пилот населби во општина Кисела Вода; прибирање податоци за бројот на поднесени барања за легализација, бројот на решени предмети и динамиката на обработка, како и бројот на решенија на градежните инспектори за отстранување на нелегално изградени објекти; активности за подигање на свеста за граѓаните и слично.
Темата на локалниот мониторинг се активностите на општина Кисела Вода за справување со дивоградбите.