Нови технологии во избори

Анализи/Публикации/Производи

За да ѝ помогне на Државната изборна комисија дополнително да го унапреди изборниот процес и да ја задоволи правната рамка, ИФЕС спроведе темелна процена на потребите од постојните технологии и ја анализира можноста за воведување на нови алатки и технологии.

Процената на потребите ја направи тим од меѓународни и локални експерти. Овие експерти спроведоа две теренски мисии во земјата и понудија експертиза и увид во најдобрите практики на глобално ниво.

Освен тоа, меѓународните и локалните експерти дадоа и насоки за утврдување на најпогодните софтверски решенија што може да се набават од проектот за да се зголеми ефективноста, транспарентноста и ефикасноста на изборите, а со тоа и да им се испорачаат подобри услуги на граѓаните/гласачите.

Дел од овие заложби беа насочени и кон зголемување на знаењето и разбирањето на изборните засегнати страни во поглед на воведувањето на нови изборни технологии и практики во земјата.

Во таа смисла, проектот овозможи техничка експертиза за проценување на постојните услови и интереси во рамките на изборната администрација, политичките партии, граѓанското општество и другите вклучени институции за воведување на нови алатки и технологии.

Наодите од процената послужија како платформа за понатамошна дискусија со комесарите на ДИК и персоналот на изборната администрација за потенцијалните унапредувања, како и утврдување на предизвиците и ризиците од воведувањето на новата технологија, т.е. отпечатоци од прсти заради идентификација на гласачите за време на изборите.

Наодите и предложените решенија од процената беа дискутирани со претставниците на ДИК.

Галерија