ПОВИК ЗА КООРДИНАТОР НА ГРАНТОВИ ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРШКА НА ИЗБОРНИТЕ РЕФОРМИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Uncategorized

Во согласност со Организацискиот прирачник на НМСМ (член XII. Делот за Политика на раководење со персоналот; Процес на вработување, потточка вработување), и за целите на спроведувањето на проектните активности од проектот за Поддршка на изборните реформи, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, НМСМ овара повик за грант координатор.

I Основни податоци за проектот:

Главна цел: Демократските и кредибилните изборни процеси го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција преку овозможување на гласачите да изберат свои претставници коишто ќе бидат отчетни пред граѓаните.

Резултат 1: Зајакнатите институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси.

Резултат 2: Внатрешно демократизираните политички партии претставуваат изборни политики и програми ориентирани кон граѓаните.

Резултат 3: Политичките партии и избраните функционери се отчетни пред своите граѓани

Донатор на проектот: Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ

Имплементатори на проектот: Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ

Корисници на проектот: Изборната администрација, владините агенции/институции, политичките партии, организациите на граѓанското општество, гласачите/граѓаните.

 

II ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ за позицијата: Координатор на грантови

Координаторот на грантови ќе биде одговорен за спроведувањето на активностите доделени на Националниот младински совет на Македонија.

Клучните обврски ќе вклучуваат:

  • Координирање на имплементацијата на грантовите (микро-грантовите и шемата за мобилизирање на заедницата) на дневна основа со цел да се исполнат индикаторите договорени со донаторот во согласност со утврдените рокови во рамките на одобрените буџети и работните планови;
  • Планирање на активностите, организирање на средби со вклучените актери, следење на критичните прашања, приоритетизирање на стратешките прашања и работење во насока на остварување на очекуваните резултати;
  • Работењето во тесна соработка со координаторот на проектот, водечкиот ментор експерт и ИФЕС канцеларијата во врска со прашањата поврзани со планирањето, поврзувањето на програмските и оперативните процеси и постигнувањето на планираните резултати;
  • Финансискo, материјално и програмско следење и евалуација на грантовите, идентификација на оперативните и финансиските проблеми, изработка на решенија;
  • Навремена подготовка и поднесување на извештаи за напредокот и финансиските извештаи до раководителите на НМСМ и ИФЕС;
  • Одржува врски со релевантните национални и меѓународни чинители;
  • Врши други финансиско административни работи во координација со финансискиот и административниот менаџер на НМСМ

Квалификации:

  • Завршено високо образование
  • 5 години работно искуство во раководење со програми, и постојано демонстрирање на капацитет во водењето на ефективна имплементација на комплексни проекти, вклучувајќи и менаџирање и работа со податоци и подготвување на извештаи;
  • Искуство во обезбедување на влезни податоци и во координирање на спроведувањето на микро-грантови и шеми за грантови;
  • Искуство во обезбедувањето на поддршка во пишувањето на извештаи за проектите;
  • Силна способност за комуникација на англиски јазик и докажана способност за соработка и навремено испорачување на резултати во работата.

 

ШТО НУДИМЕ?

Позитивна работна средина

Простор за професионална и лична надградба

Менторство и поддршка во исполнување на работните задачи

Флексибилно работно време

Платен годишен одмор од 24 дена

Дополнително приватно здравствено осигурување

Позицијата е со полно работно време (40 часа неделно) во канцеларијата на НМСМ     .

Почетна плата: 27.000,00 денари нето.


III КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ

  • CV на англиски јазик (PDF)
  • Една страница Мотивациско писмо на англиски јазик (PDF)

 

IV НАЧИН НА СЕЛЕКЦИЈА

 

По истек на рокот за аплицирање, комисијата за селекција ќе изврши проверка на апликациите при што предселектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Целосната апликација да се ​​испрати на следниот мејл: applications@nms.org.mk со наслов на пораката Координатор на грантови _ (име и презиме), најдоцна од 25.09.2021, 23:59h.

* По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот

** НМСМ го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи повикот

Галерија