На 30 и 31 јануари 2023 г. се одржаа координативни средби со мобилизаторите на заедницата кои спроведуваат мониторинг на исполнетост на изборни ветувања во 19 општини во рамки на Проектот за поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија. 60 мобилизатори/ки и претставници на проектните тимови укажаа дека:
- Директниот контакт и средбите со вработените во општините и Градоначалниците е ефективна мерка за добивање на потребните информации;
- Потребен е отворен и јасен пристап кон општината и локалните институции со цел да се добијат потребните податоци;
- Во процесот на мониторинг комбинирањето на различни пристапи и методи за собирање на потребните податоци дава плод.