За подобрена инклузија

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ Александар Македонски и ООУ Гоце Делчев за да се подобри движењето на лицата со телесен инвалидитет на сите делови во овие училишта. Со тоа ќе се постигне поголема инклузивност на лицата со телесен инвалидитет во образовните установи. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Јавна презентација во општина Аеродром, промоција преку социјалните мрежи и платени реклами, платени објави на веб портали.

Имплементатор
Здружение за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес ЗЕОООП - Скопје
Локација
Аеродром, Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување на 23.03.2022 Градоначалник на општина Аеродром
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Спроведена е постапката од мала вредност за набавка на услуги поврзани со изборното ветување кое се следи. Договорот е доставен до организацијата која го мониторира прашањето Договор за набавка на услуги Подготовка за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ Александар Македонски и ООУ Гоце Делчев, со архивски бр од 05-2158/1 29.02.2022 год
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Како дел од втората форумска сесија од циклусот на Форуми во заедницата, одржана на 20.03.2023 општина Аеродром посвети дел и за презентација на предлог концепт за решение за изборното ветување. https://www.kulart.mk/featured/opstina-aerodrom-modernizirani-ucilista-so-liftovi-za-prostap-na-lica-so-poprecenost/
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Планираните активности се вклучени во рамки на договорот за набавка на услуги. Договор за набавка на услуги Подготовка за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ Александар Македонски и ООУ Гоце Делчев, со архивски бр од 05-2158/1 29.02.2022 год
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Обезбедени се сите предуслови. https://dobroutro.mk/vesti/%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7/
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Склучен е договор за набавка. Договор за набавка на услуги Подготовка за поставување на лифтови за деца со посебни потреби во ООУ Александар Македонски и ООУ Гоце Делчев, со архивски бр од 05-2158/1 29.02.2022 год
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Сеуште не се отпочнати активности за поставување лифтови Видливо на терен.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Општината го поседува предвидениот буџет за овој проект Претседател на совет на општина Аеродром
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети Претседател на совет на општина Аеродром
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување останува приоритет на градоначалникот Градоначалник на општина Аеродром
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Нема никаква забрана за стопирање Претседател на совет на општина Аеродром
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Не постои стагнација на активностите Претседател на совет на општина Аеродром
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информации за активности поврзани со изборнотот ветување се споделуваат на ФБ страната на општината https://www.facebook.com/215229678511143/posts/pfbid02HnQCLnZDAbaeTcBCSXYXa6zD6Y4SXvM8jBuJurg8RXEeXE3uFskDJ3vjwyxWfvQrl/?mibextid=Nif5oz
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Овие информации може да ги добие секоја заинтересирана страна преку Барање за информации од јавен карактер, но досега општината нема примено Барање за изборното ветување кое се мониторира Градоначалник на Општина Аеродром
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Пример за таков начин на споделување на информации е одржаната форумска сесија од форумот на заедниците, одржана на 20.03.2023 https://www.facebook.com/215229678511143/posts/pfbid02HnQCLnZDAbaeTcBCSXYXa6zD6Y4SXvM8jBuJurg8RXEeXE3uFskDJ3vjwyxWfvQrl/?mibextid=Nif5oz
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Претседател на совет на општина Аеродром
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира преку континуирано организирање на форуми https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0yLFZ7KBqkegQ17VwU8fxtCdp5HQebKy1AfdQTF1Ngxs6Hw7FGVezSqYRhuQow6n7l&id=100063632684100&mibextid=Nif5oz
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Да, граѓанското здружение ЗЕОООП поднесе иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Здружение ЗЕОООП
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Буџетот се обезбедува од општината и од бизнис сектор. Градоначалник на Општина Аеродром
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Редовно се одржуваат јавни собири, дебати и форуми по однос на прашањето https://www.facebook.com/215229678511143/posts/pfbid021gesvjw3mVv6Q9eHdvDfryKy6AXAMvLPDxighkkN5kFiWLvxsvn9poUDa1RTKidPl/?mibextid=Nif5oz
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На веб страната на општината транспарентно се наведени сите поважни меил адреси и телефонски броеви, како и линк за електронско учество за одредени услуги http://www.aerodrom.gov.mk/page/contact
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој втор четврток општината организира отворени денови на општината https://www.facebook.com/215229678511143/posts/pfbid0qYZHXNggVewaBs3mnk6DG1q4PtoUMPv9jPj29pv4PJiKihhaNQMCCoaHsrEeD9DHl/?mibextid=Nif5oz
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Општината ги поттикнува граѓанските иницијативи но нема информација за поднесена граѓанска иницијатива по ова прашање Градоначалник на Општина Аеродром и претседател на совет