Обука за мобилизатори на заедницата


Големина на фонт

СЕ ОДРЖА ПРВАТА РАБОТИЛНИЦА ЗА МОБИЛИЗАТОРИТЕ НА ЗАЕДНИЦАТА

Првата работилница за мобилизаторите на заедницата се одржа од 14 до 16 февруари во Крушево. На оваа работилница,  16 млади лица од сите 8 развојни региони во земјата учеа за стратегиите и најдобрите практики за мобилизирање на заедницата и за следење на изборните ветувања на политичките партии.

Освен тоа, мобилизаторите на заедницата заеднички го дефинираа поимот „јавна политика“, а дискутираа и за мапирање на актерите, како што се Уставниот суд, граѓанските организации, локалната и централната власт. Учесниците исто така разговараа за процесот преку кој грижите и проблемите на граѓаните може да се преточат во јавен интерес и да го привлечат вниманието на актерите кои се вклучени во формирање на јавните политики. Мобилизаторите на заедницата исто така ги анализираа програмите на неколку политички партии, како и програмата на Владата за 2017-2020 година. Анализата се фокусираше на следниве елементи: процесот на осмислување на програмата, реалистични наспроти нереалистични цели/ветувања, како и вклученоста на потребите на сите сегменти на општеството.

Во наредните месеци, двигателите на заедницата:

  • ќе поминат низа обуки и работилници за зајакнување на своите капацитети;
  • ќе следат во колкава мера се исполнуваат ветувањата на политичките партии;
  • ќе снимаат кратки видеа од процесот на следење; и
  • ќе спроведат иновативни иницијативи чијашто главна цел ќе биде мобилизирање на заедницата за активно да се вклучи во политичкиот живот и одблизу да ја следи работата на избраните функционери.

Доколку сакате да дознаете повеќе за програмата и улогата на двигателите на заедницата, кликнете овде.

КОГА

од: 14-02-2020 16:00

до: 16-02-2020 14:00

КАДЕ

Крушево

Галерија

Останати настани

Работилница за стратешко планирање - ПИАЦ СДСМ

Мобилизатори на заедницата

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Мобилизатори на заедницата

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Мобилизатори на заедницата

29-11-2024