Пристап и инклузија во изборните процеси – БРИЏ (BRIDGE) работилница


Големина на фонт

Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) со задоволство најавува дека ќе организира работилница за Пристапот и инклузијата во изборните процеси користејќи ја методологијата и пристапот БРИЏ (BRIDGE).

БРИЏ (BRIDGE)-Градење ресурси во демократијата, управувањето и изборите претставува програма за професионален развој, составена од модули, со посебен фокус на изборните процеси. https://www.bridge-project.org/overview/ .

Работилицата ќе се фокусира на подигнување на свеста и идентификување алатки и пристапи за унапредување на пристапот, инклузијата и учеството на изборите на различните ранливи и маргинализирани групи во општеството, односно: млади луѓе, жени, луѓе со попреченост, итн.  Настанот, исто така, има за цел да се воспостави платформа и можност за вмрежување за меѓусекторска размена на знаења и експертиза помеѓу чинителите за изборите (институции, изборна администрација, политички партии, граѓанско општество, медиуми).

 

КОГА

од: 17-02-2021 13:00

до: 19-02-2021 17:00

КАДЕ

ZOOM Platform

Галерија

Останати настани

Работилница со ПИАЦ СДСМ: Подобрување на истражувачките и аналитичките капацитети на вработените во Центарот за истражување и анализи

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси

29-11-2024