Форум „Граѓанските организации и изборите“
Големина на фонт
Мисијата на ОБСЕ во Скопје (ОБСЕ) и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) ќе организираат форум насловен „Граѓанските организации и изборите“ за претставници на граѓанското општество и релевантни национални институции. Целите на форумот се:
• Поттикнување на граѓанскиот сектор да игра поактивна улога на изборите,
• Унапредување на соработката меѓу актерите во изборниот процес,
• Застапување за поголема инклузивност на изборите.
Форумот ќе се организира на 26 март 2024 година во Скопје, пред изборите во 2024 година. На настанот ќе бидат поканети претставници на граѓански организации, вклучително и граѓански групи за набљудување на изборите, заедно со претставници на Владата, Државната изборна комисија, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Агенцијата за млади и спорт и меѓународни организации.
КОГА
од: 26-03-2024 09:00
до: 26-03-2024 15:00
КАДЕ
Хотел Холидеј Ин, Скопје / Hotel Holiday Inn, Skopje