Тркалезна маса: Зајакнување на новинарскиот интегритет и отчетност: постизборнo медиумскo дејствување и важноста на академиите за обука на медиумски работници


Големина на фонт

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Меѓународната фондација за изборни систем (ИФЕС) организираат тркалезна маса посветена на Зајакнување на новинарскиот интегритет и отчетност: постизборнo медиумскo дејствување и важноста на академиите за обука на медиумски работници, која ќе се одржи на 30 октомври 2024 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Скопје.

Настанот има за цел да обезбеди платформа за истражувачките новинари да споделат искуства за следење на партиските изборни ветувања и следење на постизборните резултати, притоа признавајќи ја како клучна алатка за промовирање на одговорност и транспарентност во владеењето. Вториот дел од настанот ќе поттикне дискусија околу Академијата за обука на Здружението на новинари на Македонија како движечка сила за градење на капацитетите на медиумските работници, обезбедување интегритет и отчетност, со што ќе се зајакнат новинарските стандарди, ќе се поттикне етичкото известување и ќе се зајакне довербата на јавноста во медиумите како столб на демократското општество.

КОГА

од: 30-10-2024 12:00

до: 30-10-2024 14:30

КАДЕ

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Скопје / Agency of Audio and Audiovisual Media Services, Skopje

Останати настани

Работилница со ПИАЦ СДСМ: Подобрување на истражувачките и аналитичките капацитети на вработените во Центарот за истражување и анализи

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси , Настани

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси , Настани

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси , Настани

29-11-2024