Обука: Младински политики на локално ниво


Големина на фонт

Во рамки на иновативната иницијатива „Гласам значи менувам”, на 20ти март 2021 со почеток од 12:00 часот, на платформата ЗУМ ќе се одржи втората обука за 15 млади учесници од 3 општини: Скопје, Кавадарци и Тетово.

Младите ќе имаат можност да се информираат и дознаат што е младинско учество на локално ниво, зошто е важно, ќе се запознаат со Законот за младинско учество и младински политики, и ќе се обидат да мапираат проблеми во конкретните општини и нивно потенцијално решавање преку младинското учество и дејствување.

На оваа обука, обучувач ќе биде Петар Барлаковски – Младински образовен форум – МОФ

Иновативната иницијатива е спроведена од Евгенија Јанакиевска од СДММ.

КОГА

од: 21-03-2021

до: 21-03-2021 03:30

КАДЕ

ZOOM Platform

Останати настани

Модул 2 на Академијата за јавни политики – петта генерација: Младинско учество – застапеност, инклузија и демократска култура

Млади од политички партии

03-04-2026

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ И БАРАЊА ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ Работилница за граѓански организации за следење на изборните ветувања и мерките на локалната самоуправа (2026/2027)

Млади од политички партии

03-04-2026

Модул 1 на Академијата за јавни политики - петта генерација: Основи: Избори и интегритет

Млади од политички партии

27-02-2026