ЗА/ПРОТИВ отворени листи!


Големина на фонт

На 09.02.2021 година (Вторник) во 19.00ч, во Гранд ресторан, Гостивар ќе се одржи панел дискусија/форум на тема ЗА/ПРОТИВ отворени листи. На овој Форум свои говори ќе имаат тројцата панелисти кои ќе ги кажат своите ставови за листите за советници во пресрет на локалните избори во нашата држава:

  • Дитмире Шеху – Заменик претседател на Државната изборна комисија
  • Низајете Селими – Правник, професор во средно училиште
  • Ана Ристеска-Член на општинска изборна комисија – Гостивар

После нивните говори младите од повеќе политички партии ќе дебатираат за тоа дали треба да се промени изборниот модел, односно дали листите да бидат отворени или не, колку тоа ќе влијае, за кого ќе го дадеме нашиот глас и дали тоа ќе придонесе за поголема одговорност на советниците за време на нивниот мандат.

Активноста е во рамки на Иновативната иницијатива на Хавуше Љесковица од ДУИ  “ЗА и ПРОТИВ отворени листи“. Иницијативата на Хавуше има за цел да ги разгледа предностите и слабостите на овој изборен модел. Преку иницијативата Хавуше ќе организира низа настани со експерти и гласачи, а на крај консолидираните резултати и анализа од дебатите ќе бидат употребени во партијата за подготовка на стратегијата за едукација во рамки на локалните избори.

 

 

КОГА

од: 09-02-2021 19:00

до: 09-02-2021 20:30

КАДЕ

Grand Restaurant Gostivar

Галерија

Останати настани

Работилница за стратешко планирање - ПИАЦ СДСМ

Млади од политички партии

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Млади од политички партии

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Млади од политички партии

29-11-2024