Онлине обука за видео продукција


Големина на фонт

Во рамките на тренинг програмата за мобилизаторите на заедницата, а со цел јакнење на нивните капацитети, проектниот тим организира онлајн обука за видео продукција.

Целта на тренингот е да развијат и да ги зајакнат вештините за трите фази на видео продукција:

  1. Пред-продукција
  2. Продукција
  3. Пост-продукција

Учесниците ќе научат за техниките на снимање, филмската и телевизиска граматика, основите на режија и драматургија, основи на филмска и ТВ монтажа, дизајн на звук, финализирање на аудиовизуелно дело и дистрибуција.

Ваквите нови вештини што ќе ги стекнат мобилизаторите ќе им помогнат да снимаат интересни кратки видеа со цел да ги презентираат резултатите од претстојниот мониторинг на изборните ветувања.

КОГА

од: 20-05-2020

до: 22-05-2020 15:00

КАДЕ

Галерија

Останати настани

Тркалезна маса: Политичко учество на жените на Парламентарните избори 2024

20-09-2024

Тркалезна маса: Политичко учество на жените на Парламентарните избори 2024

19-09-2024

Тркалезна маса: Политичко учество на жените на Парламентарните избори 2024

18-09-2024