Прашањето на моноторинг се однесува на политичката партија што победи на последните избори во Општина Прилеп. А во самата програмата оваа политичка партија имаат ветено и наведено дека во Прилеп ќе има отварање и менаџирање на Младински центар. Според ветувањата ние, како млади, очекуваме да се отвори овај Младински центар во текот на мандатот на Градоначалникот, бидејќи сега за сега во овој едногодишен мандат не е никаде предвидено ова прашање да се доведе до реализација. Но сепак се разгледува можност за понатамошно реализирање на ова прашање, имаме позитивен напредок во мониторирањето на прашањето „Воспоставување и отворање на Младински Центар во Прилеп“, се разгледуваат можни локации и се преговара за тоа.