За активизам, лидерство, локални политики, комуникации, аналитика, иновации итн. се едуцираа над 260 учесници од политичките партии во Република Северна Македонија, Алијанса на Албанците, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ на обуки организирани од Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС.
Тие поминаа низ обуки за зајакнување на вештините за комуникација на граѓаните, како да ги препознаат потребите на граѓаните и да ги адресираат истите, како политиките кои ги креираат во партија и во институции да ги искомуницираат со заедницата и медиумите, која е улогата на локалните власти и како локални службеници да вршат следење на политиките на локалната самоуправа.
Во периодот помеѓу јуни -декември 2022, во соработка со Центрите за истражување и анализа (ПИАЦ) одржани се 10 обуки за претставници од политичките партии одлокално ниво, жени, млади и други сектори од партиите.
ИФЕС продолжува со соработка и јакнење на капацитетите на ПИАЦ и на претставниците на политичките партии во земјата.