Академија за Јавни Политики


Големина на фонт

ЗАПОЧНА СО РАБОТА АКАДЕМИЈАТА ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ

Од 7 до 9 февруари, 20 претставници на подмладоците на 8 политички партии зедоа учество на првата работилница на Академијата за јавни политики (за повеќе информации за Академијата, кликнете овде). Првата работилница се фокусира на идентификување на проблем во заедницата и оформување на јавнополитички одговор.

Младинските лидери имаа можност подобро да се запознаат со важноста од идентификување на проблемите во заедницата и креирање на политики како одговор на истите. Преку работа во групи на разни симулирани вежби, учесниците ги практикуваа своите комуникациски и презентациски вештини пред публика.

Овој процес на учење беше заснован на начелата на неформално образование, со комбинирање на индивидуални и групни активности.

За време на првата работилница, учесниците сфатија што претставува политичкиот циклус, која е улогата на кратките документи со преглед на политики, како се идентификуваат проблемите во заедницата и како да создадат политики како одговор на идентификуваните проблеми.

Целта на Академијата е да се зајакнат капацитетите на подмладоците на политичките партии за креирање на политики засновани на докази, како и да се негува култура на дијалог и меѓупартиска размена и комуникација.

Во претстојните месеци, младите лидери исто така:

  • ќе изработат кратки документи со преглед на политики што ќе им ги претстават на граѓаните и партиите,
  • ќе изработат акциски планови; и
  • ќе спроведат мали иницијативи.

 

КОГА

од: 07-02-2020 16:00

до: 09-02-2020 14:00

КАДЕ

Велес

Галерија

Останати настани

Работилница со ПИАЦ СДСМ: Подобрување на истражувачките и аналитичките капацитети на вработените во Центарот за истражување и анализи

Млади од политички партии

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Млади од политички партии

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Млади од политички партии

29-11-2024