Тренинг за Инклузивно креирање политики
Големина на фонт
Како дел од програмата за развој на капацитетите и зголемување на знаењето и вештините на Центрите за анализа и истражување на политичките партии (ПИАЦ) и младите политичари во земјата, ИФЕС ќе организира тренинг за Инклузивно креирање политики.
Тренингот ќе го спроведе Ијан Гил, меѓународен специјалист за политички партии.
Целта на тренингот е да го опфати процесот на креирање политики но од партиска гледна точка. Исто така ќе ја покрие внатрешното и надворешното комуницирање и аплицирање на политиките, односно со граѓаните и внатре во партиите.
Тренерот Г-дин Гил има повеќе од 15 години меѓународно искуство и работа со повеќе од 250 политички партии во светот.
Учесници на тренингот ќе бидат претставници од четирите центри на политичките партии: Алијанса за албанците, ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и младите политичари добитници на Иновативни иницијативи дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“.