Четврта работилница со мобилизатори на заедницата
Големина на фонт
Со цел да се развијат капацитетите на младите, претставниците на невладините организации (НВО) за јавно учество и ангажман во заедницата, од 2 до 4 декември ќе се одржи четвртата и финална работилница со мобилизаторите на заедницата. Акцентот на работилницата ќе биде во пристапот и техниките за мобилизација на заедницата повикувајќи ги на одговорност политичките партии за изборните локални ветувања во 2021 г. и степенот на спроведување кој е предвиден за реализација на овие изборни ветувања од страна на избраните претставници на локалната власт.
Конкретните цели на оваа работилница вклучуваат:
– зголемување на теоретското знаење и разбирање на активистите на НВО-та како мобилизатори на заедницата за концепти како што мобилизација на заедницата, ангажман на заедницата, транспарентност и отчетност на избраните јавни функционери;
– развивање на компетенциите на активистите на НВО-та за мобилизирање и ангажирање во заедницата;
– збогатување на активистите на НВО-та како мобилизатори на заедницата со знаења, вештини и ставови за вршење на основни анализи на работата на локалните власти;
– опремување на мобилизаторите на заедницата со алатки за мониторирање и мерење на перформансите.
КОГА
од: 02-12-2022 10:00
до: 04-12-2022 14:00
КАДЕ
Хотел Меркур, Тетово / Hotel Mercure, Tetovo