Јавна расправа: Законот за младинско учество и младински политики во фокусот на новите градоначалници


Големина на фонт

Во организација на „Младите можат“, Ве покануваме на јавна расправа на тема: Колку законот за младинско учество и младински политики е во фокусот на новите градоначалници на општините на територија на град Скопје и на град Скопје?
Говорници на настанот ќе бидат новите градоначалници на општините на територија на град Скопје.
Повелете за да добиете одговор на прашања како: Закон за младинско учество и младински политики: Што е досега направено? Што планираат новите градоначалници да превземат по ова прашање? Дали локалните младински совети се формирани? Колку младите се вклучени во процесот на донесување одлуки? Дали постои соработка помеѓу младите и локалната власт?
Јавната расправа е дел од „Поддршка на изборните реформи“ проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Поради ограничениот број на учесници согласно мерките за справување со Ковид-19, пријавите се на следниот линк:
https://forms.gle/RacfgPnzGdMK6cUM7

За учесниците кои доаѓаат од другите градови ќе им бидат покриени патните трошоци доколку уредно ги сочуваат и ни ги достават доказите за превоз.

Настанот ќе се одржи според актуелните владини мерки во услови на пандемија со задолжително приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид во изминатите 45 дена.

Во прилог агенда за настанот:

11:45 – 12:00
Регистрација на присутните
12:00 – 12:10
Официјално отворање на настанот;
Претставник од Здружение на граѓани Младите можат
12:10 – 13:10
Јавна расправа: Законот за младинско учество и младински политики- Што е досега направено и што планираат новите градоначалници да направат во наредните 4 години?
Г-дин Тимчо Муцунски (градоначалник на општина Аеродром)
Г-дин Бобан Стефковски (градоначалник на општина Гази Баба)
Г-дин Орце Ѓорѓиевски (градоначалник на општина Кисела Вода)
Г-дин Висар Ганиу (градоначалник на општина Чаир)

13:10– 13:30
Отворена дискусија помеѓу публиката и говорниците
Крајни заклучоци и затворање на дискусијата
13:30 –
Коктел и можност за давање изјави за медиуми

КОГА

од: 15-12-2021

до: 15-12-2021 13:30

КАДЕ

Ragusa360 - Rooftop

Галерија

Останати настани

Работилница со ПИАЦ СДСМ: Подобрување на истражувачките и аналитичките капацитети на вработените во Центарот за истражување и анализи

Јавни настани

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Јавни настани

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Јавни настани

29-11-2024