Тркалезна маса: Политичко учество на жените на Парламентарните избори 2024


Големина на фонт

Во рамките на „Програмата за поддршка на изборите во Северна Македонија“, ИФЕС организира тркалезна маса насловена „Политичкото учество на жените на парламентарните избори одржани во 2024 година“, која ќе се одржи на 16 септември 2024 година, со почеток од 12 часот, во хотелот Холидај Ин во Скопје. Програмата за поддршка на изборите е финансирана од Владата на Швајцарија, а имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

За време на тркалезната маса, меѓународната консултантка за родови прашања, Флоренс Гану, ќе изврши презентацијата на Извештајот за учеството на жените од етничките заедници на парламентарните избори одржани во 2024 година. Целта на Извештајот е да се направи проценка на степенот и влијанието на учеството на жените од етничките заедници на парламентарните избори во 2024 година. Исто така, Анализата предлага мерки и иницијативи за поголема вклученост на жените од различно етничко потекло ефективно во изборниот процес и политичкиот ангажман.

Вториот дел од настанот ќе биде искористен за презентација на Анализата на опфатот на родовите прашања во програмите на кандидатите за Претседател и изборните програми на политичките партии и коалиции за парламентарните избори, подготвена во рамките на Програмата за поддршка на изборите.

КОГА

од: 18-09-2024 12:00

до: 18-09-2024 14:00

КАДЕ

Хотел Дрим, Струга / Hotel Drim, Struga

Останати настани

Работилница за стратешко планирање - ПИАЦ СДСМ

Анализи/Публикации/Производи , Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси , Настани , Политички Партии

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Анализи/Публикации/Производи , Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси , Настани , Политички Партии

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Анализи/Публикации/Производи , Зајакнати институции спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси , Настани , Политички Партии

29-11-2024