Презентација: Решенија за млади во Струмица
Големина на фонт
Завршен настан на иницијативата „Решенија за млади во Струмица“, односно промоција на студијата кој ги содржи предлозите на младите. Ова е документ кој е обележје на младите од Струмица и затоа ве покануваме да се приклучите на настанот и да земете копија од студијата.
Ги покануваме политичките партии, советници и градоначалник да не’ посетат и да подигнат копија од документот, а наша порака до нив ќе биде студијата да бидат дел од идните предизборни или годишни програми за работа.
Повелете на промоција на студијата во четврток, 12-ти август во 17:30 часот во Street Cafe.
Да го одбележиме Меѓународниот ден на младите на вистински начин!
Настанот се организира од страна на Hristijan Velkov, учесник на Академијата за јавни политики и член на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение агендата на настанот:
17:30 – 17:45 – Регистрација на учесниците
17:45 – 18:00 – Христијан Велков – Имплементатор на проектот
Запознавање и претставување на иницијативата со присутните
18:00 – 18:30 – Владимир Ристов – Секретар на ОК-Вмро Дпмне Струмица
Презентација на Студијата и дискусија со присутните од
заклучоците од истражувањето
18:30 – 19:00 – Борис Ризовски – Магистер по меѓународна дипломатија
Презентација на Студијата и дисукусија со присутните.