Панел дискусија: Дигитални амбасади за побезбедни Македонци во странство


Големина на фонт

На 10 ноември, мобилизаторот на заедницата Виктор Јакимовски ќе биде домаќин на панел дискусија на тема Дигитални амбасади за побезбедни Македонци во странство. Настанот е дел од иницијативата на Виктор која го следи процесот на дигитализација на услуги во дипломатско-конзуларните претставништва со цел поедноставување на процедурите за добивање важни и временско-чувствителни документи.

Погледнете го видео-воведот на Виктор овде.

Во продолжение следува агендата за настанот:

11:00 – 11:15 – Поздравен говор и претставување на иницијативата: Виктор Јакимовски, мобилизатор на заедницата и имплементатор на иницијативата

11:15 – 11:35 – Искуства и потешкотии со кои се среќаваат македонските граѓани при здобивање со услуги од македонската амбасада: Андреј Николовски, поранешен приправник во Амбасадата на Северна Македонија во Лондон и Претседател на МУНА

11:35 – 12:05 – Искуства од работењето и управувањето со амбасада: Препораки за практики и услуги кои имаат можност за унапредување: Проф. др. Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД

12:00 – 12:30 – До каде е процесот на дигитализација на ДКП и што покрива истиот: Претставник на Министерството за надворешни работи запознаен со процесот на дигитализација на ДКП

12:30 – 13:00 – Прашања и дискусија

13:00 – 13:10 – Затворање на настанот

13:10 – 14:00 – Освежувања

КОГА

од: 10-11-2021 11:00

до: 10-11-2021 13:00

КАДЕ

Хотел Александар Втори, Скопје / Aleksandar ll Hotel, Skopje

Галерија

Останати настани

Работилница за стратешко планирање - ПИАЦ СДСМ

Мобилизатори на заедницата

20-12-2024

Академија за јавни политики, четврта генерација: Модул II

Мобилизатори на заедницата

13-12-2024

Работилница за комуникација на политики на локално ниво, ПИАЦ БДИ/ДУИ

Мобилизатори на заедницата

29-11-2024