Алумни настан: Младински перспективи за изборен интегритет


Големина на фонт

Во рамките на Програмата за поддршка на изборите во Северна Македонија, ќе се организира онлајн работилница наменета за алумнисти на Академијата за јавни политики/Програмата за мобилизација на заедницата, насловена „Младински перспективи за изборен интегритет“. Онлајн работилницата ќе се одржи на 12 септември 2024 година (четврток), со почеток во 12 часот, преку софтверската апликација Zoom (линк за вклучување: https://us06web.zoom.us/j/85995077891?pwd=wx8NcusbJNIEGntUDIXWx6eKzw7EjV.1). Програмата за поддршка на изборите е финансирана од Владата на Швајцарија, а имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Целта на онлајн работилницата е да ги вклучи алумнистите во дискусија за важноста на изборниот интегритет, гледано низ перспектива на младите луѓе, членови на политичките подмладоци или претставници на граѓанскиот сектор. Настанот ќе обезбеди платформа за споделување на ставови, искуства и идеи за тоа како да се обезбедат фер и транспарентни избори, како и да се поттикне подлабоко разбирање на предизвиците и решенијата поврзани со изборниот интегритет во нивните заедници. Работилницата ќе биде реализирана од меѓународната експертка за избори, г-а Татјана Хилшер Богушевич, која во своето излагање ќе се осврне на различните димензии на изборниот интегритет, како и на улогата на младите на ЕУ изборите во 2024 година, вклучително и младинските иницијативи, од нив и кон нив.

Вториот дел на настанот ќе биде искористен за презентација на Анализата на опфатот на младинските прашања во програмите на кандидатите за Претседател и изборните програми на политичките партии и коалиции за парламентарните избори, подготвена во рамките на Програмата за поддршка на изборите.

КОГА

од: 12-09-2024 12:00

до: 12-09-2024 13:30

КАДЕ

Zoom, https://us06web.zoom.us/j/85995077891?pwd=wx8NcusbJNIEGntUDIXWx6eKzw7EjV.1

Останати настани

Tридневна работилница: „Градење стратегии за локалните избори: Развој на граѓански платформи и ефективно коалицирање“

Млади од политички партии , Мобилизатори на заедницата , Настани , Политички Партии , Работилници и обуки

20-06-2025

Mеѓународна конференција: Информирани гласачи - Стратегии за ефективна едукација и информирање

Млади од политички партии , Мобилизатори на заедницата , Настани , Политички Партии , Работилници и обуки

17-06-2025

Обука за претставници на политички партии „ Инклузија на лицата со попреченост во структурите на политичките партии “

Млади од политички партии , Мобилизатори на заедницата , Настани , Политички Партии , Работилници и обуки

31-05-2025