Прашањето на моноторинг се однесува на политичката партија што победи на последните избори во Општина Прилеп. А во самата програмата оваа политичка партија имаат ветено и наведено дека во Прилеп ќе има отварање и менаџирање на Младински центар. Според ветувањата ние, како млади, очекуваме да се отвори овој Младински центар во текот на мандатот на Градоначалникот. Во изминатиот период иако не им беше предвидено реализирањето на ова ветено прашање како проект во својата годишна програма, поради нашите притисоци дојдовме до позитивен напредок во мониторирањето и остварувањето на прашањето „Воспоставување и отворање на Младински Центар во Прилеп“, бидејќи сега веќе можеме и да кажеме дека е отпочнат и процес на средување на локацијата (просторот) за отворањето на Младинскиот Центар.