Во општина Чаир недостасува функционален младински центар кој би обезбедил инклузивен и безбеден простор со фокус на развојот на младите луѓе од различно потекло. Овој недостаток доведува до ниска вклученост на младите, ограничена меѓукултурна размена и мал број можности за развој на вештини и граѓанско учество.
Постоечките простории се неадекватни и не се по мерка на младите, оставајќи голем број млади луѓе без структурирана поддршка и простор за социјални и креативни активности.
Со оваа иницијатива, младите луѓе ќе се вклучат преку анкети, фокус групи и консултации со општински службеници за да заеднички се подготви концепт за мултикултурен младински центар. Јавната кампања ќе придонесе за подигнување на свеста и градење поддршка.
Очекуваните резултати се однесуваат на документирање на потребите на младите, зголемено учество, поддршка од општината, одржлив концепт за младински центар со буџет, поголема видливост во јавноста и зајакната меѓуетничка соработка.