И покрај тоа што Куманово е е најнаселената општина во Северна Македонија, инфраструктурата за атмосферска вода покрива само 20% од урбаната област. Тоа доведува до чести поплави—особено во низинските населби и на главните улици како булеварот „Октомвриска револуција” и предизвикува застој во сообраќајот, оштетување на имотот и ризици по здравјето од застоената вода.
Со оваа иницијатива ќе се направи мапирање на зоните кои се изложени на поплави преку набљудување на терен и снимки со дронови, поддржано преку консултации со општинските власти и комуналните претпријатија. Градежен инженер ќе го оцени системот и ќе предложи практични решенија за надградба.
Финансиската физибилити студија и кампањата за подигнување на јавната свест ќе помогнат да се изгради поддршка кај граѓаните. Како конечен резултат ќе се испорача технички извештај, визуелни симулации за застапување, и јасни препораки за да се насочат институциите за да се зафатат со управување со атмосферската вода.