Кејот на реката Брегалница во централното градско подрачје на Штип претставува занемарен урбан простор, без доволно зелени површини, безбедни пешачки патеки, осветлување, места за седење и рекреативни содржини. Поради тоа кејот ограничено се користи за социјален живот и особено ги погодува ранливите групи како што се семејствата, младите, постарите лица и лицата со попреченост.
Оваа иницијатива има за цел да се развие концепт за ревитализација на кејот, воден од заедницата, преку анкети со граѓани, теренска анализа и архитектонско осмислување. Ќе се организираат јавни настани и онлајн кампања за подигнување на свеста и добивање јавната поддршка.
Иако не станува збор за проект со директна реализација, иницијативата ќе резултира со конкретен предлог за инклузивен дизајн, со кој ќе се зголеми подготвеноста на институциите и интересот кај јавноста, при што ќе се создаде основа за идни инвестиции и долгорочно урбистичко возобновување на Штип.