Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување дадено од политичката партија на власт во општината, за изградба на објект за противпожарна служба во с.Градец. Оваа инвестиција која е во програмата од предизборната кампања е вклучена и во општинската програма за 2023 година. Селото Градец кое гравитира во општина Врапчиште е едно од најголемите села во таа општина и се соочува со голем број на пожари на годишно ниво. Брзата интервенција на противпожарните единици е секогаш клучна, но истата доаѓа дури од Гостивар што значи временски подолг пат. Објектот е предвиден да се гради со меѓуопштинска соработка со општината Боговиње која што исто така ќе биде корисник на капацитетите на објектот. Овој објект за противпожарна служба е нужна потреба не само за с.Градец туку и за целата територија на општината кој е рурална средина, како и за околните помали рурални општини од регионот. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: споделување на резултатите од мониторингот на социјалните медиуми, јавен форум со локалното население, дисеминација на печатени флаери и постери.