Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со изградба на повеќекатна гаража во општина Охрид и степенот на учество и вклученост на граѓаните во процесот на урбанистичко планирање. Тоа ќе овозможи јавноста подобро да ги согледа актуелните случувања, динамиката и преостанатите активности на локалната самоуправа во однос на ова прашање. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средба со релевантни претставници на локалната самоуправа и барање да се сподели физибилити студијата за изградба на гаражата; информирање на јавноста и презентација на наодите на локалните медиуми и слично.
Темата на локалниот мониторинг е изградбата на катна гаража во Охрид.