Subject: 77
Воведуваме родова еднаквост во спортот – 30% жени во органи на управување (собрание, УО, ИО) почнувајќи од 2020 година, а 50% до 2024.Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно машки и женски спортски клубови и/или репрезентации. Информација за предлог – проект „Родова еднаквост во спортот“
Образложение: Воведуваме родова еднаквост во спортот – 30% жени во органи на управување (собрание, УО, ИО) почнувајќи од 2020 година, а 50% до 2024. Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно машки и женски спортски клубови и/или репрезентации.
Очекувани влијанија: Еднаква застапеност на жената во спортот во сите органи на управување, финансирање на проекти на националните спортски федерации за поддршка на учеството на жената во спортот, како во тренажниот процес, рекреативните активности, така и во насока на нејзино зголемено учество како тренер, судија или како креатор на работата на органите и телата во клубовите, федерациите и националните асоцијации.