Subject: 3
Ќе донесеме Национална стратегија за дигитализација на образованиот систем. Со тоа ќе ја дефинираме и озакониме наставата од далечина како можно алтернативно решение за учење со примена на средствата за електронска комуникација без физичко присуство на чинителите. Еден владин тим целосно ќе се посвети на развојот на дигитални форми и содржини во образованието. Со помош на домашните програмерски куќи и поддршка од информатичко-техничките факултети ќе креираме централна национална платформа со двонасочна комуникација, база со примери на добри пракси, наставни планови и програми, електронски учебници, електронски портфолија на наставниците, електронско досие на учениците и сл., педагошка евиденција и документација која ќе биде user friendly за примена од страна наставниците, учениците и родителите, но и од образовните институции. Така ќе ја подготвуваме следната генерација за новото време и технологии, а воедно ќе имаме зголемен капацитет за справување со кризи од типот на последната пандемија.