Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Отварање на 6 нови гранични премини со соседите: Стрезимир-Рестелица (со Косово), Мајден- Промахи и Маркова Нога (со Грција), Клепало (со Бугарија), Лојане-Миратовац и Голеш- Босилиград (со Србија), и Џепиште-Требиште (со Албанија).Покрененување на иницијативата за Регионален центар за дијалог – Преспа форум. Регионалeн форум за добрососедство и решавање на билатералните прашања, но и форум од каде ќе произлезат нови инцијативи за регионална соработка. Во рамките на форумот е планирано поддржување на процесот на формирање на канцеларии за младинска соработка МК-ГР, како и сите активности и проекти на канцелариите кои ќе овозможат размена на искуства и поврзување на младите од двете земји. Фокусот на мониторингот ќе биде на 1) процесот на отворање на граничниот премин со Република Грција - Маркова Нога и 2) изградбата на Регионалниот центар за дијалог - Преспа форум
Мобилизатор: Ана Клесова- Индикатор 1. Реализирани активности кои треба да доведат до отворање на граничниот премин Маркова нога на границата со Република Грција
Нема нови отпочнати активности во врска со отворањето на граничен премин Маркова Нога. Испратено барање за слободен пристап до информации од јавен карактер на кое се очекува одговор.
- Индикатор 2. Реализирани активности за изградба на Регионалниот центар за дијалог - Преспа форум
Отпочната иницијатива Преспа форум, согласно изјавата на Министерот за надворешни работи г. Бујар Османи.
- Индикатор 1. Реализирани активности кои треба да доведат до отворање на граничниот премин Маркова нога на границата со Република Грција
-
Извадок од програма на Влада:Владата ќе предложи измени во Изборниот законик со кој ќе се воведе принципот на отворени листи уште при следните локални избори. Директниот избор ќе значи поголема врска на избраните со нивните сограѓани, наместо силна врска и зависност само од политичките партии
Мобилизатор: Масар Жаку- Индикатор 1. Конкретни предлози за измени на Изборниот законик
Формирана работна група за измени на Изборниот законик со назначени членови и избрани набљудувачи на работата.
- Индикатор 2. Усвоени измени на Изборниот законик во Собрание
Не се отпочнати измени на Изборниот законик.
- Индикатор 1. Конкретни предлози за измени на Изборниот законик
-
Извадок од програма на Влада:За една година речиси ќе преполовиме број на инспекторати, а ќе го дуплираме бројот на инспектори за животна средина и пазарна инспекција.
Мобилизатор: Лејла Кадриеска- Индикатор 1. Број на инспекторати во РСМ
Нема укинати инспекторати во периодот октомври-декември 2020.
- Индикатор 2. Број на вработени во инспекторат за животна средина и пазарна инспекција
Во Инспекторатот за животна средина има вкупно 24 вработени на ниво на држава, а за ДПИ нема одговор на доставено барање. Нема нови огласи за вработување во периодот октомври - декември 2020.
- Индикатор 3. Број на вработени инспектори во инспекторат за животна средина и пазарна инспекција
Бројот на инспектори за животна средина во РСМ е 19, а бројот на ДПИ е 121. Нема нови вработувања во периодот октомври - декември 2020.
- Индикатор 1. Број на инспекторати во РСМ