Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Со цел да се надминат постоечките проблеми идентификувани во Извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори на Република Северна Македонија за предвремените парламентарни избори во јули 2020 година, препораките во Извештајот ќе бидат земени во предвид кога ќе се подготвуваат 56 измените од законот.
Мобилизатор: Херолинд Сакипи- Индикатор 1. Број на предвидени измени на Изборниот законик (се дава опис за секоја од предвидените измени)
Следењето завршува со усвоенит еизмени во Изборниот законик. Oд Собранието се усвоени измените во Изборниот Законик со кои се опфатени делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со истите се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, и се подобруваат и се воведуваат нови изборни дејствија и рокови пред се кои се поврзани од досегашното искуство и пракса при спроведувањето на изборите од страна на Државната изборна комисија, но и кои произлегуваат од воведувањето на нов начин на идентификација на гласачите.
- Индикатор 2. Број на препораки на ОБСЕ-ОДХИР кои се земени во предвид при изработка и измена на Изборниот законик
Потребно е да се ревидира ИЗборниот законик за да се вклучат соодветно препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои се и претходно дадени. 8 препораки на ОБСЕ/ОДИХР не се усвоени.
- Индикатор 3. Усвоени измени на Изборниот Законик во Собранието /Примена на препорака
Постапено по препораката з абиометриска идентификација на гласачи, при што има излоирани случаи каде заради неисправностг на уредите гласањето на локалните избори продолжило се користење спреј и УВ ламба.
- Индикатор 1. Број на предвидени измени на Изборниот законик (се дава опис за секоја од предвидените измени)
-
Извадок од програма на Влада:Програмата на Владата 2021 – 2024 Еднакво општество за сите Веруваме во вредностите на толеранцијата, правичноста, еднаквите можности, признавање на различностите, во мултикултурализмот и интеркултурната комуникација. Веруваме во социјална правда, еднакви можности на жените и мажите, вклученост и учество на граѓаните во одлучувањето и постигнување општествена кохезија Програмата на Владата за 2021 1. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите Усогласување со новите ЕУ директиви во делот на еднаквост и недискриминација и во насока на поефикасна легислатива за родова еднкавост. Унапредување на родовата машинерија согласно препораките на Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација на жените. Воспоставување на правен основ за Ресурсен центар (тренинг центар) за родово одговорно буџетирање и родови политики. 2. Предлог – Национален акциски план за родова еднаквост 2021-2023 година Образложение: Воспоставување на ефективен и ефикасен систем на постигнување родова еднаквост, преку функционални механизми за поддршка на национално и локално ниво, хармонизирани индикатори за мерење на прогресот на родовата еднаквост и обезбедена родова разделена статистика.
Мобилизатор: Беса Зиба- Индикатор 1. Воведување родова еднаквост во спортот (стр. 3).
Промовирана Програмата за 2022 година на Комисијата за родова еднаквост во спортот при МОК. Обуки од страна на МОК за родова еднаквост во спортот и настани за доделување награди на жени спортисти.
- Индикатор 2. Отворање на сервиси за заштита на жртвите 10 нови сервиси (стр. 4).
Иако беше најавено дека 7 од планираните 10 сервиси се во завршна фаза истите не се отворени. Тековни активности на граѓанските организации и општините за превеција и спречување на родово базирано насилство и едукации на тема сервиси за жени жртви на насилство.
- Индикатор 3. Работен јаз, креирање на политики и мерки за вработување (стр. 8)
Пандемијата многу негативно се одрази врз положбата на жената а посебно мерките кои беа донесени како затворање на училишта и градинки, промена на работно време, работа од дома. Нема посебни мерки за ублажување на родовиот јаз во политиките за вработување. Повеќе истражувања даваат препораки за мерки со цел намалување на родовиот јаз. Истражаувања со кои се утврдува голем процен од жените кои вршат неплатена работа во домаќинството.
- Индикатор 4.Систем на поттикнување на родова еднаквост преку функсионален механизми за подршка, на национално и локално ниво.
Активна Комисија за родова еднаквост при Владата на РСМ.Активности на локално ниво со цел едукација на комосиите за еднакци можности и промоција на концептот на родово одговорно буџетирање како и важност од располагање со статистички податоци кои се родово разделени.
- Индикатор 5. Стратегија за родова еднаквост 2021-2026.
Донесена Стратегија за родова еднаквост 2021- 2026.
- Индикатор 1. Воведување родова еднаквост во спортот (стр. 3).
-
Извадок од програма на Влада:Ќе предложиме закон со кој ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која ќе можат досегашните комунални инспектори и Еко патроли заеднички да преземаат мерки за сторителите на штетните активности: одлагање на отпад на места кои не се предвидени за тоа: создавање на диви депонии од градежен и мешан комунален отпад, палење на гуми и останати високоштетни материи, палење и уништување на контејнери и сл. со мандатни казни. Комуналната полиција ќе почна да функционира во 2021.
Мобилизатор: Иван Ристов- Индикатор 1. Тек, опфат и резултати од процесот на подготовка и донесување на Закон за комунална полиција.
Не се добиени информации
- Индикатор 2. Тек, опфат и резултати од процесот на формирање комунална полиција
Не се добиени информации
- Индикатор 3. Функционалност на законот за комунална полиција
Комуналната полиција не е сеуште формирана.
- Индикатор 1. Тек, опфат и резултати од процесот на подготовка и донесување на Закон за комунална полиција.
-
Извадок од програма на Влада:За една година речиси ќе преполовиме број на инспекторати, а ќе го дуплираме бројот на инспектори за животна средина и пазарна инспекција.
Мобилизатор: Иван Ристов- Индикатор 1. Број на инспекторати во РСМ.
Hема нови наоди
- Индикатор 2. Број на вработени во инспекторат за животна средина;
Hема нови наоди
- Индикатор 3. Број на вработени инспектори во животна средина.
Нема информација за зголемување на бројот на инспектори за животна средина во 2021. Вкупно 21 инспектор (18 државни инспектори за животна средина, 2 водостопански инспектори и 1 државен инспектор за заштита на природата); 2020 година: Вкупно 19 инспектори (16 државни инспектори за животна средина, 2 водостопански инспектори и 1 државен инспектор за заштита на природата); и 2019 година: Вкупно 20 инспектори (17 државни инспектори за животна средина, 2 водостопански инспектори и 1 државен инспектор за заштита на природата);
- Индикатор 1. Број на инспекторати во РСМ.
-
Извадок од програма на Влада:1)Во првата година од мандатот, Владата ќе понуди структурна реформа на системите за управување со кризи и заштита и спасување преку реорганизација, опремување и обука на оперативните тимови за брза интервенција. Овие сегменти претставуваат фундамент во изградбата на отпорно општество од кризи и катастрофи. Тоа се покажа и во текот на кризната и вонредната состојба предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Во првата половина од мандатот ќе го реализираме системот за повици „112“ 2)Реконструкцијата на објектот на Центарот за управување со кризи во Куманово ќе овозможи воспоставување Центар за обука. Со тоа се создавааат услови за организирано планирање и реализација на обуки, вежби и други активности со кои ќе се обезбеди зголемување на координацијата, ефикасноста и благовремената реакција на учесниците во Системот за управување со кризи (член 29 став 2 од Законот за управување со кризи). Реконструкцијата на објектот исто така ќе овозможи еден дел од истиот да се адаптира за 24/7 работа на подрачното одделение на ЦУК во Куманово, со што трајно се решава со простор за работа, како и адаптација на еден дел од објектот за потребите на Е-112 системот предвидени за предметното подрачје.
Мобилизатор: Фламур Џемаили- Индикатор 1. Тек и опфат на реконструкцијата на ЦУК во Куманово.
Избран изведувач за реконструкцијата и утврден рок за изведба на работите од 700 дена. Изведувачот нема доставео барање за издавањ ена потребната документација з аградба до општина Куманово.
- Индикатор 2. Износ на обезбедени средства ви буџетот за реконструкција на објектот
Информацијата за овој индикатор е добеина во претходниот квартал со што завршува процесот на следење.
- Индикатор 3. Опфат и реализација на активности во центарот за обука
Реконструкцијата не е започната
- Индикатор 1. Тек и опфат на реконструкцијата на ЦУК во Куманово.