Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Целта ќе ни биде да инвестираме во подобро опремени училишта (наставен материјал, лаборатории и слично) и помали одделенија (до 20 деца во одделение).
Мобилизатор: Анастасија Бошкоска- Индикатор 1. Број на училишта од вкупниот број основни училишта во Прилеп кои извршиле реновирања во текот на месецот
Во кварталниот период јануари - март 2021 основните училишта во Прилеп подготвуваат проекти за реновирање со кои аплицираат или во општината или во МОН. Исто така во три училишта течат зафати за реновирање на осветлување, тоалети и спортска сала.
- Индикатор 2. Број на училишта кои ги надградиле лабораториите или направиле нови
Во кварталниот период јануари- март 2021 нема нови наоди за надградување на лабораториите во основните училишта. Овие зафати може да се очекуваат како дел од проектите за реновирање во училиштата кои се уште не се одобрени и отпочнати.
- Индикатор 3. % на одобрени вработувања на наставници од вкупно побараните
Во кварталниот период јануари - март 2021 продолжени се договорите на наставнциите на одредено време за кои претходно беше отворен оглас. Отворен е оглас во едно училиште за три нови вработувања. Нема прецизини наоди колку вработувања училиштата побарауваат преку МОН, а колку од нив се одобруваат.
- Индикатор 1. Број на училишта од вкупниот број основни училишта во Прилеп кои извршиле реновирања во текот на месецот
-
Извадок од програма на Влада:Изградбата на училиште во Мала Речица.
Мобилизатор: Рамадан Муртезани- Индикатор 1. Износ на одобрени средства од Владата/МОН до општината за изградба на ОУ Наим Фрашери
Во кварталниот период јануари - март 2021 нема нови наоди.
- Индикатор 2. Износ или одлука за алоцирани средства од буџетот на МОН за изградба на ОУ Наим Фрашери во 2021
Предвидена е изградбата на училиштето Наим Фрашери во мала Речица во Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта усвоена од Владата на РСМ.
- Индикатор 3. Временски рок за изградба утврден со план и потпишан договор со избрана фирма
Во кварталниот период јануари - март 2021 нема нови наоди.
- Индикатор 1. Износ на одобрени средства од Владата/МОН до општината за изградба на ОУ Наим Фрашери
-
Извадок од програма на Влада:Ќе донесеме Национална стратегија за дигитализација на образованиот систем. Со тоа ќе ја дефинираме и озакониме наставата од далечина како можно алтернативно решение за учење со примена на средствата за електронска комуникација без физичко присуство на чинителите. Еден владин тим целосно ќе се посвети на развојот на дигитални форми и содржини во образованието. Со помош на домашните програмерски куќи и поддршка од информатичко-техничките факултети ќе креираме централна национална платформа со двонасочна комуникација, база со примери на добри пракси, наставни планови и програми, електронски учебници, електронски портфолија на наставниците, електронско досие на учениците и сл., педагошка евиденција и документација која ќе биде user friendly за примена од страна наставниците, учениците и родителите, но и од образовните институции. Така ќе ја подготвуваме следната генерација за новото време и технологии, а воедно ќе имаме зголемен капацитет за справување со кризи од типот на последната пандемија.
Мобилизатор: Теа Цветановска- Индикатор 1.Број на примери на споделени добри пракси за средно образование
Во кварталниот период јануари - март 2021 добиен е податок за поставени 23 видео упатства и 20 презентации.
- Индикатор 2.Број на предмети кои се опфатени со наставните планови и програми и поставени на платформата
Сите предмети од основно образование се опфатени во учењето од далечина и тоа преку, Националната платформа, ЕДУИНО и ТВ училница. Сите наставни предмети за средно образование се опфатени во далечинското учење освен практичната настава. - сите наставни предмети (и редовни и изборни, како и проектни активности) се опфатени со наставата од далечина.
- Индикатор 3.Број на воведени електронски учебници
Во кварталот јануари - март 2021 добиен е податок за поставени 282 од вкупно 970 наведени електронски учебници. Не сите учебници се достапни во пдф формат.
- Индикатор 4.Број на електронски портфолија на наставници
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер има 28 360 наставници регистрирани на платформата
- Индикатор 5.Број на електронски досиеа на ученици
Врз основа на одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер 258 000 ученици од основните и средните училишта се регистрирани корисници на платформата, а согласно изјвата на Министерката 90.2% од вкупниот број ученици следат онлајн настава.
- Индикатор 1.Број на примери на споделени добри пракси за средно образование