Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:• Ќе се воведе систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на загрозеност. Листата ќе биде отворена и во неа постојано ќе можат да се впишуваат нови споменици од недвижното, движното и нематеријалното наследство. • Ќе извршиме ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „Скопје 2014“, кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство. • Ќе поддржиме развој на културните и креативните индустрии врзани со производи на традиционалната култура со вклучување на аматерските фолклорни организации кои го негуваат традиционалното творештво.
Мобилизатор: Весна Цветаноска- Индикатор 1.Систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на загрозеност
Не постои систем на задолжително финансирање на спомениците од листата на споменици од национален интерес. Во националниот систем за заштита на културното наследство, со членовите 32 и 43 од законот за заштита на културното наследство е востановен специфичен споменичко – правен институт – Прогласување културно наследство во опасност.
- Индикатор 2.Ревизија и бришење од регистарот на сите незаконски запишани споменици и објекти од т.н. проект „"Скопје 2014"кои по својата природа не можат да претставуваат културно наследство
Заклучно со месец септември донесено е едно решение за прогласување културно наследство во опасност. Во примената на овој споменичко – правен институт, не се носи посебно решение со декларативен карактер за прекинување на статусот – културно наследство во опасност.
- Индикатор 3.Развој на културните и креативните индустрии врзани со производи на традиционалната култура со вклучување на аматерските фолклорни организации кои го негуваат традиционалното творештво
Во постоечка физибилити студија, предвидено е да се отворат иновативни хабови во просториите на факултетот за туризам во Охрид, но таа одлука стои во фиока веќе три години. Новиот градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков, најави дека во Охрид ќе се отворат бизнис инкубатори во рамките на новиот младински центар, кој се очекува да се отвори наскоро.
- Индикатор 1.Систем на задолжително финансирање на спомениците од Листата на споменици од национален интерес, по принципот на категорија по вредност и степен на загрозеност
-
Извадок од програма на Влада:Владата ќе продолжи да ја имплементира Стратегијата за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и ќе воведе годишна награда за најдобра идеја/проект со кој ке се развива концептот еднакво општество за сите
Мобилизатор: Јалчн Неџипов- Индикатор 1.Број на општини кои имаат формирано комисии за меѓуетничката интеграција во образованието
(11) од 15 општини ги усвоија своите локални стратегии за МИО и младински ангажман, односно Дојран, Радовиш, Чашка, Битола, Василево, Карпош, Штип, Кисела Вода, Кичево, Желино и Дебар, додека останатите четири (4) општини ги финализираа и ги проследија документите до советите на општините на усвојување
- Индикатор 2.Број на основни училишта кои добиле грантови од МОН за меѓуетничка интеграција
Објавен јавен повик од МОН за грантови за училишта кои придонесуваат за мултикултра. 154 основни и средни училишта аплицираа за грант
- Индикатор 3.Висина на средства во МКД кои им се доделени на основните училишта за спроведување на проекти за меѓуетничка интеграција
Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта
- Индикатор 1.Број на општини кои имаат формирано комисии за меѓуетничката интеграција во образованието
-
Извадок од програма на Влада:Предлог – одлука за давање на согласност на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2021 година 1) За да се надминат слабостите од првата фаза на децентрализацијата ќе извршиме зголемување на блок дотациите за да ги покриваат сите реални потреби на локалната установа, средствата за тековно и материјално одржување на установите, за нови инвестиции, а со цел подобрување на состојбата на објектите на локалните установи во културата и нивната функционалност
Мобилизатор: Лилјана Танчева- Индикатор 1.Вкупен буџет наменет за 5те институции (расчленет за секоја институција посебно, односно да се прибере информација за буџетот наменет за секоја институција)
Нема нови наоди за овој квартал.
- Индикатор 2.Процент на реализација на буџетот за секоја од институциите на квартално ниво
Театар Ј.Х. Џинот Велес - 2.107.752 денари, од предвидените 3.000.000 денари за овој објект во оваа мерка, за завршни работи на објектот, што се 70.25% од предвидената сума; - Национална Филхармонија – се потрошени 4.760.960 денари од предвидените 4.000.000 денари за оваа мерка или 119% од предвидените.
- Индикатор 3.Опфат и тек на планираните активности за секоја инситуција посебно
Склулен договор за изведба на зафати на три инситуции: НУ Музеј на Македонија, Објект Мала станица при НУ национална галерија и НУ Антон Панов Струмица. Вредност на договорот 17.051.000 МКД со вклучен ДДВ.
- Индикатор 1.Вкупен буџет наменет за 5те институции (расчленет за секоја институција посебно, односно да се прибере информација за буџетот наменет за секоја институција)
-
Извадок од програма на Влада:Ќе продолжиме со инвестиции во културната инфраструктура при што во неколку града ќе формираме Младински културни центри, како специјализирани институции кои ќе ги развиваат културните потреби на младите луѓе, со цел да го подобриме квалитетот на нивниот живот да ги задржиме во земјата. Зависно од потребите тоа ќе бидат мултимедијални центри со простори за повеќе намени: кино сала, театарска сцена, сцена за концерти, изложбен салон, куглана, бифе или бизнис-кафе простор итн
Мобилизатор: Софија Стојановска- Индикатор 1.Број на младински центри за кои се предвидени 2000000 денари во буџетот за 2021
Hема нови информации за висисна на планиран буџет за МЦ.
- Индикатор 2.Број на општини кои планираат да ги започнат постапките за центрите во 2021 година);
Отвoрен Младинскиот центар „Матично„,.Покрај планот за отворање МЦ во Охрид, Пробиштип и штип и општина Кисела Вода изразува интерес за МЦ.
- Индикатор 3.Опфат и тек на процесот на за отворање младински центри во Куманово, Велес, Битола и Кавадарци за е кои беа предвидени во 2020 година
Општина Куманово, Велес планираат на почетокот на 2022 да отворат повик за здруженија кои ќе управуваат со младински центри. Во општина Битола постапката е прекината.
- Индикатор 1.Број на младински центри за кои се предвидени 2000000 денари во буџетот за 2021
-
Извадок од програма на Влада:Културното наследство ќе игра клучна улога во нашите политики. Тоа го засилува чувството на припаѓање, на споделување заеднички вредности и традиции. Ја застапуваме европската идеја дека културното наследство е заеднички ресурс, кој ја подига свеста за нашата заедничка историја, која нè обединува како граѓани, но и нè легитимира пред европското семејство на држави, активно придонесувајќи во целокупниот европски идентитет. Информацијата за реализација на Проектот „Конзерваторско реставраторски работи на Аквадуктот во Скопје“, Владата ќе се информира за тековните активности во насока на соодветен третман во областа на заштитата на Аквадуктот во Скопје.
Мобилизатор: Деспина Ковачевска- Индикатор 1.Број на фази за спроведување на реставрацијата
Има 4 фази за спроведување на реставрацијата.На 15.09.2021 година Министерството за Култура имаше прес конференција со која најавија дека започнуваат конзерваторските работи на скопскиот аквадукт. Паралелно со конзервацијата ќе има план за управување кој ќе оди паралелно со конзерацијата која е веќе започната.
- Индикатор 2.Број на фази за спроведување на реставрацијата во 2021 година
Трае фазата конзервација.Тече конзервација односно зачувување на физичката состојба на аквадуктот. Со втората фаза ќе се врши реставрација на аквадуктот.
- Индикатор 3.Број на спроведени активности за реставрација во 2021
Трае фазата конзервација. Најпрвин се почнува со активности околу каналот, односно водите што некогаш овде биле во изобилие, ќе се насочат кон другиот канал.Односно најпрвин ќе се прави дренажа – тоа е почетна фаза. Следна фаза е зајакнување на столбовите. После тоа се постапува кон следната фаза поставување на колови (арматурни колови).
- Индикатор 4.Процент на реализација на планираните активности во 2021 година
Трае фазата конзервација.Од националниот центар за конзервација информираа дека започната е првата фаза односно конзервацијата.
- Индикатор 1.Број на фази за спроведување на реставрацијата
-
Извадок од програма на Влада:Воведуваме родова еднаквост во спортот – 30% жени во органи на управување (собрание, УО, ИО) почнувајќи од 2020 година, а 50% до 2024.Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно машки и женски спортски клубови и/или репрезентации. Информација за предлог – проект „Родова еднаквост во спортот“ Образложение: Воведуваме родова еднаквост во спортот – 30% жени во органи на управување (собрание, УО, ИО) почнувајќи од 2020 година, а 50% до 2024. Федерациите кои добиваат финансиски средства од државниот буџет мора да обезбедат функционирање на машки и женски спорт, односно машки и женски спортски клубови и/или репрезентации. Очекувани влијанија: Еднаква застапеност на жената во спортот во сите органи на управување, финансирање на проекти на националните спортски федерации за поддршка на учеството на жената во спортот, како во тренажниот процес, рекреативните активности, така и во насока на нејзино зголемено учество како тренер, судија или како креатор на работата на органите и телата во клубовите, федерациите и националните асоцијации.
Мобилизатор: Мартин Николовски- Индикатор 1.Број на федерации финансирани од Буџетот на Република Северна Македонија
Податоци за овој индикатор се собираат на почетокот на мониторингот.
- Индикатор 2.Процент на жени кои се дел од органите на управување во федерациите во 2020
Нема промени во однос на податоците за вклучност на жените во органите на управување во федерациите во 2020.
- Индикатор 3.Процент на жени кои се дел од органите на управување во федерациите во 2021
Нема промени во однос на податоците за вклучност на жените во органите на управување во федерациите во 2021.
- Индикатор 1.Број на федерации финансирани од Буџетот на Република Северна Македонија
-
Извадок од програма на Влада:Согласно Законот за младинско учество и младински политики, член 23, Органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и град Скопје се должни да определат службеник за млади од редот на вработените.
Мобилизатор: Дарко Тошиќ- Индикатор 1.Број на службеници за млади определени во органите на државната управа
53 назначени службеници за млади во инситуциите
- Индикатор 2.Број на службеници за млади во општините
55 службеници за млади во општините
- Индикатор 3.Процент на млади лица кои биле анкетирани и кои изјавуваат дека се запознати со позицијата службеник за млади и со неговите надлежности
Податоците од анкетата за запознаеноста на младите со улогата и функциите на службениците за млади се поразителни. 7,7% од младите имаат контактирано службеник за некаква потреба; 24% од младите знаат дека во секоја институција или општина има службеник за млади; 2,9% целосно се запознати со Закон за младинско учество и политики; на само 7,3% од службениците за млади тоа им е единствена функција.
- Индикатор 1.Број на службеници за млади определени во органите на државната управа