Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Поддршка за самовработување (претприемништво). Предвидена е во нацрт програматата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2020-2024, во областа економија насловена “Трансформација на економијата (мк рестарт) за забрзан раст и повисок стандард!”, во точката “Вложуваме во нашите граѓани” – стр 9 од гореспоменатата програма. Согласно ова точка: “Владата ќе обезбеди 2 милиарди денари скоја горина за активните мерки за поддршка на вработување и самовработување
Мобилизатор: Јетмир Зиба- Индикатор 1.Буџет потрошен за оперативниот план за активни мерки за вработување за 2020 година наспроти одобрениот
Буџетот за оперативниот план за Активни мерки за вработување за 2020 година изнесува 1.311.000.000,00 денари заклучно со месец септември 2020 година исплатено е вкупно 606.059.000,00 денари или 54% Податоци за вкупната реализација на буџетот ќе се добијат во следниот квартал.
- Индикатор 2.Буџет потрошен за мерката поддршка за самовработување за 2020 година наспроти одобрениот
За програмата за Самовработување за 2020 година планирани се финансиски средства во износ од 492.320.711,00 денари за 1490 лица кои ќе се самовработат. Реализирани 330.154.426,00 денари за 1075 со состојба 30.11.2020 година за програмата Самовработување.
- Индикатор 3.Буџет алоциран за оперативниот план за активни мерки за вработување за 2021
Нема објавени податоци заклучно со декември 2020.
- Индикатор 4.Буџет алоциран за мерката поддршка за самовработување во рамки на оперативниот план за 2021 година
Нема објавени податоци заклучно со декември 2020.
- Индикатор 1.Буџет потрошен за оперативниот план за активни мерки за вработување за 2020 година наспроти одобрениот
-
Извадок од програма на Влада:Продолжување на исплатата од 3000 денари месечно младински додаток за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование кои работат во производството, Директна поддршка на младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од 5000 до 15000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис Закон за поддршка на социјално претприемништво, со фокус на младите и жените, и со отворање на три центри за поддршка на социјални претпријатија
Мобилизатор: Бошко Софијанов- Индикатор 1. Вкупен број на млади до 23 години со средно образование кои работат во производство и на кои им е исплатен месечен додаток согласно мерката од Владата.
Заклучно со месец август 2020 година исплатен е месечен додаток на вкупно 3099 млади лица на визраст до 23 година. Продолжува реализацијата на мерката.
- Индикатор 2.Вкупен број на поднесени апликации од жени за грантови за претприемништво од 5000 до 15000 евра.
Овој индикатор се следи од декември 2020 кога од страна на премиерот е најавена оваа мерка како поддршка за женското претприемништво.
- Индикатор 3. Отпочната постапка за донесување на Закон за социјално претприемништво
Извесно е донесување на Стратегијата за социјално претприемништво во првиот квартал од 2021 и отпочната е постапка за подготовка на Закон за социјално претприемништво.
- Индикатор 1. Вкупен број на млади до 23 години со средно образование кои работат во производство и на кои им е исплатен месечен додаток согласно мерката од Владата.
-
Извадок од програма на Влада:Владата ќе продолжи да инвестира во научно-технолошкиот парк кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година. Во поранешното „Македонско село“ (сопственост на државата) Владата ќе формира „Старт-ап село“ (Start-up Village) кое ќе нуди шанса за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без потреба од плаќање на режиски трошоци. Истото искуство ќе се примени во 5 града со можности за co-working во на посебни државни локации.
Мобилизатор: Димче Мицевски- Индикатор 1.Отпочната постапка и фази за отворање на старт ап село во Скопје
Најавено е отворање на старт ап центар под надлежност на Фондот за иновации и технолошки развој и под ингеренции на Министерство за економија. Во тек е процес на обезбедување средства за проектот преку Швајцарската амбасада кои би биле ко-партнери и ко-основачи на проектот.
- Индикатор 2.средства за инвестиции во научно технолошкиот парк за 2021
Од предлог буџетот не може да се добие информација дали за оваа мерка има издвоено средства и во кој износ. Се уште не е добиен одговор на испратено БИЈК.
- Индикатор 1.Отпочната постапка и фази за отворање на старт ап село во Скопје
-
Извадок од програма на Влада:Раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и Раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, во зависност од должината и влијанието на епидемијата врз светската и домашната економија
Мобилизатор: Ѓорѓи Ристов- Индикатор 1. % на пораст на минималната плата
Порастот на минималната плата во периодот октомври 2020 во однос на април е 21% (17.943 МКД износ на минимална плата во април). Стагнација во периодот ноември-декември .
- Индикатор 2. % на пораст на просечната плата вкупно и според сектори
Во однос на податокот од месец август, 2020,во периодот октомври - декември нема покачување на месечната плата. Има најава за покачување на платата на здравствените работници.
- Индикатор 1. % на пораст на минималната плата
-
Извадок од програма на Влада:Намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги, поддршка на македонските економски потреби. Владата ќе го продолжи успешниот Проект „Мoj ДДВ“ и ќе го зголеми лимитот по поединец на 2300 денари за тримесечје и 9200 денари годишно, односно на 36800 денари за просечно четиричлено семејство.
Мобилизатор: Васко Василев- Индикатор 1.Стапка на ДДВ за занаетчиски услуги
Во рамки на четвртиот пакет економски мерки на Владата вклучено е и намалување на ДДВ на занаетчиски услуги од 18% на 5%. Реализацијата ќе отпочне од 1.1.2021.
- Индикатор 2. Лимит за поврат на ДДВ по поединец за тримсечје и годишно
Викенд без ДДВ како мерка од четвртиот пакет мерки на Владата реализиран во ноември 2020.
- Индикатор 3. Просечен масимален износ за поврат на ДДВ по четиричлено семејство
Нема податоци за овој индикатор
- Индикатор 1.Стапка на ДДВ за занаетчиски услуги