Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Продолжување на субвенционирањето на придонесите за фирмите што ќе ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6000 денари.
Мобилизатор: Ајдоган Демири- Индикатор 1. Вредност на буџетот за оваа мерка во 2021 година
Податокот за овој индикатор е добиен во претходниот квартал и нема промени.Буџетот за мерката за 2021 година изнесува 2.401.000.000.00.
- Индикатор 2. Број на апликации за искористување на субвенциите за задолжително социјално осигурување до УЈП
Не се добиени информации.
- Индикатор 3. Број на работодавачи што ја искористиле оваа мерка
За месец октомври бројката на работодавачи кои искористиле субвенции е 23 148.
- Индикатор 1. Вредност на буџетот за оваа мерка во 2021 година
-
Извадок од програма на Влада:Износот на странските инвестиции го планираме на ниво од најмалку една милијарда евра за 4 години, со фокус на оние базирани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и оддржливост на бизнисите.
Мобилизатор: Филип Ивановски- Индикатор 1. Износ на привлечени СДИ
Вкупниот износ на СДИ во четвртото тримесечје третиот квартал на 2021г.) е 38,55 милиони евра. Највисок износ во дејност нераспределено – реинвестирање на добивката 26,18 милиони евра, а најнизок во дејност производство - 40,56 милиони евра. Што се однесува до видот на инвестициите, СДИ во категоријата “Сопственички капитал и реинвестирање на добивката” имале позитивен прираст од 74,6 милиони евра, додека СДИ во категоријата “Вкупно должнички инструменти” изнесувале -36,05 милиони евра.Во првата година од мандатот (септември 2020 – заклучно со август 2021), во Македонија влегле вкупно 311,29 милиони евра, што значи за да го исполни своето ветување, Владата ќе треба да привлече уште безмалку 700 милиони евра во остатокот од својот мандат.
- Индикатор 2. Број на СДИ
Во периодот од 01.09.2020 година до 31.08.2021 година во трговскиот регистар на РСМ се регистрирани вкупно 658 правни лица кои се основани од странски физички и правни лица со 100% учество на странски капитал.
- Индикатор 3. Опфат и тек на процесот на донесување на предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за стратешки инвестиции во РСМ
Предлог измените на Законот за стратешки инвестиции се во фаза на доусогласување од правен аспект, по пристигнатите забелешки од Секретаријатот за законодавство, вклучувајќи ги и кореспондентите табли кои се подготвени за оваа измена, имајќи предвид дека со оваа измена се транспонира Регулативата 347/2013. По одобрување на текстот од страна на Секретаријатот за законодавство, Министерството ќе го достави текстот за усвојување од страна на Владата. Последен чекор е донесување на истиот во Собрание. Во овој момент не можеме да дефинираме прецизен рок кога истиот би бил донесен од причина што во процесот се инволвирани и други државни институции
- Индикатор 1. Износ на привлечени СДИ
-
Извадок од програма на Влада:Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Образложение: Предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и за забавните игри имаат за цел утврдување на оддалеченост на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа (автомат клубови, обложувалници, казина) не помалку од 500 метри од основни и средни училишта, високообразовни институции и верски 36 објекти. Дополнително, со Предлог законот ќе се зајакнат одредбите кои се однесуваат на приредувачите на игри на среќа од аспект на висината на надоместоците и начинот на нивно пресметување и утврдување.
Мобилизатор: Ндерим Положани- Индикатор 1. Опфат и тек на постапката за усвојување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри
Нема нови наоди во овој квартал во одноос на усвојувње на измени во Законот.Законот е во собраниска процедура.
- Индикатор 2. Број на објекти кои ги примениле новите одредби од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (ќе се следи на локално ниво во општина Струга дали објектите постапуваат согласно барањата од законот)
Нема информација. Сеуште не се усвоени предлог измените.
- Индикатор 3. Број на покренати постапки до страна на инспекциските служби (дали инспекторите постапуваат заради непримена на законот)
Нема информација. Сеуште не се усвоени предлог измените.
- Индикатор 1. Опфат и тек на постапката за усвојување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри
-
Извадок од програма на Влада:Донесување предлог – оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2021 година.
Мобилизатор: Иван Дургутов- Индикатор 1. Број на мерки во оперативниот план за поддршка на вработувањето и самовработувањето
Дефинирани се 8 главни групи на мерки - поддршка за самовработување; поддршка за креирање на нови работни места; обуки; обуки за развој на дигитални вештини; практикантство; програма за работно ангажирање; економија на грижа и исплата на младински додаток.
- Индикатор 2. Износ на средствата наменети за мерките во планот во МКД
Дефинирани износи на средствата за 4 мерки и тоа: За самовработување - до 307.500 денари или до 615.00 денари (второто е за правен субјект основан од два содружника); За субвенционирање на плати - 19.000 денари месечно како субвенција на плата за вработено лице за 3, 6 или 12 месеци;За вработување и раст на правни субјекти - поддршка за ново вработување до 460.000 денари/768.750 денари/1.000.000 денари; За вработување на лице со попреченост - 20 просечни плати. За останати 4 мерки за обуки износот зависи од видот на обука. Превидени обуки за дигитални вештини, практикатство, програма за работно ангажирање и економија на грижа.
- Индикатор 3. Број на апликации поднесени за секоја од мерките
Вкупно 12654 апликации и тоа: Претприемништво, грант - 3695; Претприемништво, кредитирање - 484; Субвенции за нови раб. места - 270; Субвенционирање на плати - 2343; Субвенции, кредитирање на правни субјекти - 270; Обука за познат работодавач - 324; Обука за побарувани занимања - 1183; Обука за напредни ИТ вештини - 761; Обука, практикантство - 1716; Работно ангажирање - 1608.
- Индикатор 4. Број на корисници на мерките за вработување и самовработување
Вкупно број корисници 6331 и тоа: Претприемништво, грант - 613; Претприемништво, кредитирање - 470; Субвенции за нови раб. места - 243; Субвенционирање на плати - 1773; Субвенции, кредитирање на правни субјекти - 235; Обука за познат работодавач - 190; Обука за побарувани занимања - 355; Обука за напредни ИТ вештини - 203; Обука, практикантство - 1022; Работно ангажирање - 1227.
- Индикатор 1. Број на мерки во оперативниот план за поддршка на вработувањето и самовработувањето