Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:1):Ќе го зголемиме процентот на заштитени подрачја преку валоризација на подрачја за заштита и ревалоризација на заштитени подрачја (Шар Планина, Осоговски Планини, Ченгино Кале, Охридско Езеро, Студенчишко Блато, Водно, Кањон Матка и др.). Планот на Владата е Шар Планина да се развива како национален парк. Ќе се продолжи со идентификација на предлог подрачја во рамки на процесот за воспоставување на Европската кохерентна еколошка мрежа Натура 2000. 2)Иницијативата се спроведува согласно Законот за природа. Со донесување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата националерн парк ќе се пропишат категоријата на заштита за заштитеното подрачје, географски карактеристики и други основни обележја, картографски приказ со граници на заштитеното подрачје, типовите на зони во заштитеното подрачје и границите на зоните, режим на заштита, субјект кој ќе управува и други прашања утврдени со актот за прогласување. (Предлог-закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје – 2021).
Мобилизатор: Ардонит Исмаили- Индикатор 1.Опфат и тек на процесот на ставање на Шар Планина во привремена заштита до донесување на Законот.
Реализирана дискусија и теренска посета на тема екотурзимот во регионот на Шар Планина. Дадено одобрение за изградба на регионалниот пат Тетово - Призрен. Редовно се спроведуваат активности за промоција на националниот парк Шар Планина.
- Индикатор 2.Опфат и вид на подготвени еколошки политики и други активности од општините кои припаѓаат во реонот на Шар планина.
Планот за управување со националниот парк Шар Планина во кој ќе бидат вклучени и општински еко политики е во финална фаза.
- Индикатор 3.Донесени документи и процедури со кои се регулира улогата на општините врз основа на законот за Шар планина како национален парк.
Планот за управување со националниот парк Шар Планина во кој ќе бидат вклучени и улогите и одговорностите на општините е во финална фаза.
- Индикатор 1.Опфат и тек на процесот на ставање на Шар Планина во привремена заштита до донесување на Законот.