Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:"1) Програма на Влада 2021-2024: Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија - Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки БПМС секоја работна задача кон вработените ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување, со што ќе се зголеми ефективноста и отчетноста за работата, а унапредувањето и наградувањето ќе се базира на реални показатели и придонес. Владата планира до крајот на 2021 година да воведе БПМС систем, во најмалку 30% од органите на државната управа, а до крајот на 2024 година системот ќе биде воведен во сите органи на државната управа. 2) Програма за 2021: Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки (еСДП) секоја работна задача кон вработените кои спроведуваат управни постапки ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување. Владата на Република Северна Македонија планира до крајот на 2021 година го воведе овој систем во најмалку 30% од вкупниот број на органите на државната управа, а до крајот на 2024 година во сите органи на државната управа"
Мобилизатор: Елена Ридова- Индикатор 1.Број на органи на државната управа.
Не се добиени точни податоци за бројот на органи на државната управа
- Индикатор 2.Број на органи на државната управа во кои е воведен електронски систем.
Електронски систем е воведен во 7 органи на државната управа од кои Агенција за регулирање на железничкиот сектор , Агенција за храна и ветеринарство, Дирекција за радијациона сигурност, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука, Министерство за транспорт и врски - државен комунален инсекторат и Министерство за транспорт и врски
- Индикатор 3.Процент на органи на државна управа во кои е воведен електронски ситем
Не се обезбедени податоци бидејки недостига и податок за целокупниот број на органи на државната управа.
- Индикатор 4.Број на административни постапки кои се автоматизирани во секој од органите на државната управа
Автоматизирани се вкупно 26 административни постапки, а дополнително отпочнати се и постапки во 4 други институции. Согласно информацијата за дигиталната трансформацијаројот на услугите на Националниот портал за е-услуги во моментот е 137.
- Индикатор 1.Број на органи на државната управа.
-
Извадок од програма на Влада:"ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2020-2024 Модерна и ефикасна администрација: повеќе систем, помалку бирократија, стр 37. параграф/точка (6) Еден Центар за услуги (ЕЦУ) во секој град по примерот на ЕЦУ во Скопје. Сега фокус ќе ни се десетте најбарани услуги од страна на граѓаните, од кои еден дел ќе финишираат со целосно електронски продукт (на пр. уверенијата од матичните книги). Програма на Влада 2021 година, месец Јуни, иницијатива со среден приоритет стр 329 Стратегијата за РЈА 2018 – 2022 година. 4.2.5. Воведување на центри „Една точка за услуги“ ‐ намалување на точките за контакт помеѓу корисниците на услуги и институциите преку воведување центри „Единствена точка на услуги“ (""Single Point of Services""), анализа на искуствата од пилот проектот и додефинирање на концептот, како и постепено зголемување на бројот на услугите кои се нудат на овој начин стр 56. "
Мобилизатор: Нергин Сејфовски- Индикатор 1.Број на општини во кои се планира отворање на ЕЦУ
Се планира отворање во Битола, Охрид и Струга и во уште една општина со над 25.000 жители до крај на годината.
- Индикатор 2.Број на ЕЦУ кои се отворени
Отворени се ЕТУ во три општини и тоа Скопје, Куманово и Тетово.
- Индикатор 3.Број на услуги кои се нудат во ЕЦУ
Нема информации
- Индикатор 1.Број на општини во кои се планира отворање на ЕЦУ