Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Програма за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2021 година-Постигнување на опфат над 95% на национално и регионално, и над 90% на локално ниво со сите вакцини согласно Календарот за имунизација. Ова ќе се постигне преку ажурно спроведување на рутинската, задолжителна континуирана вакцинација, како и дополнителните активности за зголемување на опфатот (Европска недела на имунизација, национални и регионални денови на имунизација, едукативни семинари, кампањи за промоција на вакцинацијата и др.). https://dejure.mk/zakon/programa-za-zadolzhitelna-imunizacija-na-naselenieto-vo-republika-severna-makedonija-za-2021-godina
Мобилизатор: Мила Младенова- Индикатор 1. Број на вакцинирани лица со сите вакцини согласно Календарот за имунизација (доколку е можно споредба на бројот на планирани со фактички извршени имунизации)
Не е добиена информација на пратено БИЈК.
- Индикатор 2. Број на набавени вакцини против COVID-19
Согласно податоците од Фејсбук страницата на Министерот за здравство Венко Филипче, вкупно набавени и пристигнати дози вакцини за COVID-19 од сите производители: 1,131,930.
- Индикатор 3. Број на апликации за искажување заинтересираност за вакцинација против COVID-19
Согласно објавените податоци на страницата за вакцинација против Ковид 19, бројот на лица заинтересирани за вакцинација против COVID-19 изнесува 472,159 лица заклучно со 01.07.2021
- Индикатор 4. Број на вакцинирани лица против COVID-19
Согласно објавените податоци на страницата за вакцинација против КОВИД 19, бројот на вакцинирани лица против COVID-19 изнесува 334,386 заклучно со 01.07.2021
- Индикатор 1. Број на вакцинирани лица со сите вакцини согласно Календарот за имунизација (доколку е можно споредба на бројот на планирани со фактички извршени имунизации)