Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:"Продолжување на субвенционирањето на придонесите за фирмите што ќе ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6000 денари"
Мобилизатор: Ајдоган Демири- Индикатор 1. Вредност на буџетот за оваа мерка во 2021 година
Буџетот за мерката за 2021 година изнесува 2.401.000.000.00.
- Индикатор 2. Број на апликации за искористување на субвенциите за задолжително социјално осигурување до УЈП
Не се добиени информации.
- Индикатор 3. Број на работодавачи што ја искористиле оваа мерка
За месец јули 24 504, за месец август 23 078 додека за месец септември нема добиена информација.
- Индикатор 1. Вредност на буџетот за оваа мерка во 2021 година
-
Извадок од програма на Влада:"Износот на странските инвестиции го планираме на ниво од најмалку една милијарда евра за 4 години, со фокус на оние базирани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и оддржливост на бизнисите."
Мобилизатор: Филип Ивановски- Индикатор 1. Износ на привлечени СДИ
Вкупниот износ на СДИ во треттото тримесечје (вториот квартал на 2021г.) е 207,42 милиони евра.
- Индикатор 2. Број на СДИ
Од 01.09.2020 година до 30.06.2021 година во трговскиот регистар се регистрирани вкупно 595 правни лица кои се основани од странски физички и правни лица со 100% учество на странски капитал. Централен регистар не ги обработил и објавил овие податоци за 8 и 9 месец.
- Индикатор 3. Опфат и тек на процесот на донесување на предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за стратешки инвестиции во РСМ
Нацрт законот за стратешки инвестии ставен на јавен увид. Јавна расправа закажана за 7 април, но нема повратни информации за исходот од расправата. Нема добиено нови информации од Министерство за економија за исходот од расправата и понатамошниот тек.
- Индикатор 1. Износ на привлечени СДИ
-
Извадок од програма на Влада:Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Образложение: Предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и за забавните игри имаат за цел утврдување на оддалеченост на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа (автомат клубови, обложувалници, казина) не помалку од 500 метри од основни и средни училишта, високообразовни институции и верски 36 објекти. Дополнително, со Предлог законот ќе се зајакнат одредбите кои се однесуваат на приредувачите на игри на среќа од аспект на висината на надоместоците и начинот на нивно пресметување и утврдување.
Мобилизатор: Ндерим Положани- Индикатор 1.Опфат и тек на постапката за усвојување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри
Во предвидениот период за коментари на предлог Законот доставени се повќе 250 коментари од асоцијации, правни субјекти и физички лица. Законот е во собраниска процедура.
- Индикатор 2. Број на објекти кои ги примениле новите одредби од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (ќе се следи на локално ниво во општина Струга дали објектите постапуваат согласно барањата од законот)
Нема информација. Се уште не се усвоени предлог измените.
- Индикатор 3. Број на покренати постапки до страна на инспекциските служби (дали инспекторите постапуваат заради непримена на законот)
Нема информација. Се уште не се усвоени предлог измените.
- Индикатор 1.Опфат и тек на постапката за усвојување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри
-
Извадок од програма на Влада:Донесување предлог - оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2021 година.
Мобилизатор: Иван Дугутов- Индикатор 1. Број на мерки во оперативниот план за поддршка на вработувањето и самовработувањето
Овој индикатор се следи само на почетокот на мониторингот за што веќе се објавени податоци во претходниот квартал.
- Индикатор 2. Износ на средствата наменети за мерките во планот во МКД
Овој индикатор се следи само на почетокот на мониторингот за што веќе се објавени податоци во претходниот квартал.
- Индикатор 3. Број на апликации поднесени за секоја од мерките
Нема информација за бројот на апликации
- Индикатор 4. Број на корисници на мерките за вработување и самовработување
Податок за овој индикатор се очекува кога ќе заврши процесот на разгедување апликации и донесување одлука.
- Индикатор 1. Број на мерки во оперативниот план за поддршка на вработувањето и самовработувањето