Предмет на мониторинг
-
Извадок од програма на Влада:Поддршка за самовработување (претприемништво). Предвидена е во нацрт програматата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2020-2024, во областа економија насловена “Трансформација на економијата (мк рестарт) за забрзан раст и повисок стандард!”, во точката “Вложуваме во нашите граѓани” – стр 9 од гореспоменатата програма. Согласно ова точка: “Владата ќе обезбеди 2 милиарди денари скоја горина за активните мерки за поддршка на вработување и самовработување
Мобилизатор: Јетмир Зиба- Индикатор 1.Буџет потрошен за оперативниот план за активни мерки за вработување за 2020 година наспроти одобрениот
Во рамки на спроведениот мониторинг не се добиени нови податоци кои ќе укажат на вкупната реализација на буџетот за Оперативниот план за активни мерки за вработување. Последниот добиен податок се однесува на септември 2020 година според кој буџетот е реализиран во 54%.
- Индикатор 2.Буџет потрошен за мерката поддршка за самовработување за 2020 година наспроти одобрениот
Во рамки на спроведениот мониторинг не се добиени нови податоци кои ќе укажат на вкупната реализација на буџетот на програмата за Самовработување. Последниот добиен податок се однесува на месец ноември 2020 година при што износот на потрошени средства за оваа програма е 330.154.426,00 денари за 1075 лица.
- Индикатор 3.Буџет алоциран за оперативниот план за активни мерки за вработување за 2021
Објавени се активните мерки за вработување за 2021, но нема податок за алоцираниот буџет.
- Индикатор 4.Буџет алоциран за мерката поддршка за самовработување во рамки на оперативниот план за 2021 година
Објавени е мерката Самовработување за 2021, но нема податок за алоцираниот буџет.
- Индикатор 1.Буџет потрошен за оперативниот план за активни мерки за вработување за 2020 година наспроти одобрениот
-
Извадок од програма на Влада:Продолжување на исплатата од 3000 денари месечно младински додаток за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование кои работат во производството, Директна поддршка на младинското и женското претприемништво преку грантови во висина од 5000 до 15000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис Закон за поддршка на социјално претприемништво, со фокус на младите и жените, и со отворање на три центри за поддршка на социјални претпријатија
Мобилизатор: Бошко Софијанов- Индикатор 1. Вкупен број на млади до 23 години со средно образование кои работат во производство и на кои им е исплатен месечен додаток согласно мерката од Владата.
Редовна исплата на месечен додаток на 80 млади лица од Гевгелија на возраст до 23 години. Не е обновен податокот за вкупниот број на млади лица корисници на месечен додаток.
- Индикатор 2.Вкупен број на поднесени апликации од жени за грантови за претприемништво од 5000 до 15000 евра.
Објавена поддршка и услови за поднесување апликации за женско претприемништво. Нема податок за бројот на поднесени апликации од жени претприемачи.
- Индикатор 3. Отпочната постапка за донесување на Закон за социјално претприемништво
Донесена Стратегија и Акциски план за претприемништво 2021 - 2024. Отпочната постапка за Закон за социјално претприемништво.
- Индикатор 1. Вкупен број на млади до 23 години со средно образование кои работат во производство и на кои им е исплатен месечен додаток согласно мерката од Владата.
-
Извадок од програма на Влада:Владата ќе продолжи да инвестира во научно-технолошкиот парк кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година. Во поранешното „Македонско село“ (сопственост на државата) Владата ќе формира „Старт-ап село“ (Start-up Village) кое ќе нуди шанса за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без потреба од плаќање на режиски трошоци. Истото искуство ќе се примени во 5 града со можности за co-working во на посебни државни локации.
Мобилизатор: Димче Мицевски- Индикатор 1.Отпочната постапка и фази за отворање на старт ап село во Скопје
Изготвена физибилити студија за отворање на Старт ап село. Потребни се дополнителни истражувања за развивање на одржлив модел. За време на мониторинг периодот тече фазата на истражување и анализа, нема отпочнати други подготовки.
- Индикатор 2.средства за инвестиции во научно технолошкиот парк за 2021
Согласно одговор на Барање за информации од јавен карактер, Министерството за економија нема реализирано ваква активност и во Буџетот нема реализирано средства за оваа намена за 2020 година.
- Индикатор 1.Отпочната постапка и фази за отворање на старт ап село во Скопје
-
Извадок од програма на Влада:Раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и Раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, во зависност од должината и влијанието на епидемијата врз светската и домашната економија
Мобилизатор: Ѓорѓи Ристов- Индикатор 1. % на пораст на минималната плата
Стагнација на минималната плата започнувајќи од ноември 2020.
- Индикатор 2. % на пораст на просечната плата вкупно и според сектори
Генерално нема значајно покачување на просечната нето плата. Има покачувања и намалувања кај одредени сектори во однос на јануари 2020, и тоа: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.4 %), Информации и комуникации (8.5 %) и Уметност, забава и рекреација (8.4 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.3 %) и Информации и комуникации (4.9 %).
- Индикатор 1. % на пораст на минималната плата
-
Извадок од програма на Влада:Намалување од 18 на 5% за занаетчиски услуги, поддршка на македонските економски потреби. Владата ќе го продолжи успешниот Проект „Мoj ДДВ“ и ќе го зголеми лимитот по поединец на 2300 денари за тримесечје и 9200 денари годишно, односно на 36800 денари за просечно четиричлено семејство.
Мобилизатор: Васко Василев- Индикатор 1.Стапка на ДДВ за занаетчиски услуги
Нема нови информации
- Индикатор 2. Лимит за поврат на ДДВ по поединец за тримесечје и годишно
Нема нови информации.
- Индикатор 3. Просечен максимален износ за поврат на ДДВ по четиричлено семејство
Нема нови податоци.
- Индикатор 1.Стапка на ДДВ за занаетчиски услуги