Академијата за јавни политики ги ангажира подмладоците на политичките партии во долгорочен процес на учење. Учесниците ќе научат како да креираат јавни политики и да влијаат врз нив, како да применат приод заснован на докази во креирањето на јавните политики, при тоа вградувајќи ги темелните вредности на демократските општества, како што се учество, активно граѓанство и вклученост. Во Академијата се комбинираат теоретски сесии за креирањето политики со практичните искуства во осмислувањето и спроведувањето на политичките одговори.
Општа цел:
Да се зајакнат способностите на подмладоците на политичките партии за создавање на јавните политики и влијаење врз нив.
Специфични цели:
Да се зголемат знаењата и вештините на подмладоците на политичките партии за:
- идентификување на проблемите во заедницата;
- осмислување на политички одговори на проблемите во заедницата што ќе бидат засновани на докази и вредности;
- претставување и соопштување на политиките;
- осмислување на кратки документи за политики;
- лобирање за спроведување на јавните политики; и
- осмислување на акциски планови за спроведување на јавните политики.
Резултати:
По Академијата, подмладоците на политичките партии ќе знаат како:
- да ги идентификуваат проблемите во заедницата;
- да осмислат политички одговори на проблемите во заедницата што ќе бидат засновани на докази и вредности;
- да ги претстават и соопштат политиките;
- да изработат кратки документи за политики;
- да лобираат за спроведување на јавните политики; и
- да осмислат акциски планови за спроведување на јавните политики.