Успешен почеток на новата генерација на Академијата за јавни политики!

Иновативни иницијативи - политички партии, Млади од политички партии, Настани, Политички Партии

Со реализација на првиот модул насловен „Основи: избори и интегритет“, официјално го означивме почетокот на петтата генерација на Академијата за јавни политики. Отворачкиот модул беше посветен на изборите, демократските вредности, интегритетот, етичкото лидерство и одговорната политичка комуникација. Во текот на овие три дена, им овозможивме на 20 млади политички лидери од различни политички партии да учат, размислуваат, дебатираат и соработуваат.

Овој прв модул е само почеток. Во текот на 2026 година, низ Академијата учесниците ќе бидат дел од едно сеопфатно патување на учење, рефлексија и практична ангажираност.

  • во првата половина од 2026 година, Академијата ќе продолжи со уште два едукативни модули, обезбедувајќи им на учесниците продлабочени обуки спроведени од врвни интелектуалци, креатори на политики, практичари и меѓународни експерти.
  • во втората половина од годината, учесниците ќе го применат стекнатото знаење преку развивање на документи за јавни политики и спроведување на иновативни иницијативи, што ќе кулминира со промовирање на конкретни предлози за политики на локално ниво.

Енергијата, отвореноста и мотивацијата што ја покажаа учесниците уште еднаш потврдуваат зошто вложувањето во политичкото лидерство кај младите е клучно за јакнење на демократската култура. Во очекување на година исполнета со учење, соработка и значајно политичко учество!

Галерија