Изминатиот викенд успешно го реализиравме Собирот на алумнисти на Академијата за јавни политики насловен „Поврзување на точките“!
Учесници од сите четири генерации на #APP од 11 различни политички партии се собраа заедно во Скопје за да споделат искуства, да разменат идеи и да разговараат за улогата на младите политичари во градењето потранспарентна, поодговорна и поправедна локална политика, токму во пресрет на локалните избори во октомври.
Голема благодарност до сите учесници за енергијата, отвореноста и инспиративните идеи, преку кои покажаа дека новата генерација политичари е подготвена да ги поврзе точките помеѓу граѓаните и институциите, амбицијата и интегритетот, изборите и демократијата.