Мобилизаторите на заедницата веќе се активираат и градат врски! 50 млади мобилизатори од 25 невладини организации ширум земјава учествуваа на првата работилница за зајакнување капацитети, посветена на мониторирање на исполнувањето на конкретни изборни ветувања во нивните општини. Следно на нашата агенда: мобилизација на заедницата за барање транспарентност и отчетност од избраните представници на локалната власт. Следете нè!
Воведна сесија: претставување на проектот и компонентата за мониторинг на изборните ветувања од страна на Иоана Козма, Афердита Хаџијаха Имери
Сесија 2: Утврдување на приоритети за мониторинг. Опфат на изборните програми и застапеност на прашањата за мониторинг
Сесија 3: Претставување на мониторинг механизмот: Алатка за мониторинг и
начин на пополнување на податоците во алатката
Сесија 4: План за комуникација со мобилизаторите. Начини и механизми за одржување на редовна комуникација помеѓу тимот на СМС и мобилизаторите