Во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи“, утре ќе се одржи работилница со Истражувачките и аналитички центри (ИАЦ) на политичките партии во земјава.
На работилницата учество ќе земе и Лолита Цигане, меѓународен консултат за јавни политики од Летонија. Цигане престојуваше во службена посета на Скопје, и минатата година, кога оствари средби со претставници на Истражувачко-аналитичките центри (ИАЦ) на четирите најголеми политички партии, за да им помогне на раководителите и активистите на политичките партии како да креираат поуспешни јавни политики во корист на нивните гласачи. И на оваа работилница со ИАЦ таа ќе проговори на теми како да се подобрат нивните истражувања и да се надминат слабостите.
На работилницата ќе биде презентиран и нацрт – прирачникот за истражување и анализа на јавните политики, како алатка за зајакнување на истражувачките капацитети на ИАЦ. Наедно ќе се води и дискусија за применливоста на Прирачникот и повратни информации околу начините како да се прилагоди за потребите и капацитетите на ИАЦ
Во вториот дел од работилницата ќе се разговара за активностите од 2021 година и планови за 2022 година. Темите на кои ќе се фокусираат присутните се развој на политики во политичките партии: преглед на активностите за 2021 и плановите за 2022 година,
распакување на процесите на креирање политики: Дискусија за користењето на циклусот на креирање политики од страна на политичките партии и прозорци на можности: Дискусија за оптимални начини за спроведување на креирање политики засновани на докази и истражувања, во активностите на ИАЦ.
Во пресрет на овој настан се потсетуваме на неодамнешното интервју со Лолита Цигане: