Изминатиот викенд во Гевгелија, истражувачко-аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ и ИФЕС организираа дводневна работилница фокусирана на унапредување на комуникациските стратегии во пресрет на локалните избори во 2025 година.
Преку интерактивни сесии за внатрешна координација, двонасочна комуникација и модернизација на кампањата, учесниците – избрани функционери и претставници на партиското раководство – работеа на примена на иновативни алатки и пристапи за подобрување на информираноста и зголемување на ангажманот на граѓаните, со поддршка од експерт за комуникации кој сподели практични сознанија и меѓународни искуства.
Оваа работилница е дел од нашата поддршка на истражувачко-аналитичките центри на политичките партии, во насока на јакнење на капацитетите за креирање политики засновани на докази.